Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19
ПовеќеИзјави на пациенти
Помина се во ред, а следното утро кога стигнав во болницата бев среќен ко дете – пред да влезам во болницата прочитав реклама на голема далечина кое што не можев да го направам претходно ни со очилата!
Цел живот носам очила, уште како дете имав страбизам. Посетив многу доктори и цело време, до скоро го слушав истиот муабет дека треба да носам очила и дека ќе видиме што понатаму.
Самиот преглед и воопшто целото искуство во Систина Офталмологија направи да се чувствувам како да не сум во болница, особено д-р Фанка Гилевска која се однесуваше кон мене како пријател, а не доктор.
„Кога влегов во болницата, енергијата што ја почувствував уште при самиот прием, не може да се опише. Сепак топлината која ја имаме ние како народ, не може да се почувстува никаде во светот. Кога ја здогледав д-р Билјана Костовска, се ми беше јасно. Таа е доктор на кого можам да му верувам комплетно. Ме прегледа и кога заврши прегледот и кажав дека сакам таа да ме оперира и да се вратам во Канада со јасен вид.“
„Кога го направив првиот преглед на свои 11 години, д-р Костовска ми препорача да носам очни помагала се додека не наполнам 20 години, а потоа може да размислам дали сакам да направам корекција на диоптрија. Ја послушав д-р Костовска, ги носев редовно помагалата, наполнив 20 години и дојдов на преглед за корекција на диоптрија.“
Kупувањето очила ми претставуваше трошок кој кога го споредив со цената на ласерската корекција на диоптрија излегуваше неколкукратно поголем. Пресудно да се решам беше едно видео за ласерска корекција на видот направена во Систина Офталмологија.
Здравка Мирчевска, добитник на дарувањето за бесплатна ласерска корекција на диоптрија, го раскажува своето искуство во Систина Офталмологија.
Димитрула Јорданова, по 65 години, имплантира мултифокални леќи и како што вели таа, живее втор живот на 65 години.
Ледејна Алиу (22), од Бујановац, ја направи својата ласерска корекција на диоптрија во Систина Офталмологија.
„Здравјето и грижата за пациентите во Систина Офталмологија е на прво место“ – Александар Давидовски
Дефинитивно се беше коректно од страна на вработените, се почитуваше секоја мерка. Дури и самата интервенција ја правев во период на пандемија, која што заврши секако безбедно.
По препораките од својата сестра, која пред 1 година направила имплантаицја на мултифокални леќи во Систина Офталмологија, Даниела одлучила да дојде кај д-р Билјана Костовска и да ја отстрани диоптријата со вградување на мултифокални леќи.
„Бев зависна од очила и контакни леќи. Чувството на хендикеп и неможност да се функционира без очни помагала беше првиот чекор кон размислување за ласерска корекција на диоптрија.“
Ги разгледував и другите опции кои нудеа ласерска корекција на диоптрија, но за Систина Офталмологија се одлучив поради многубројните добри препораки и задоволни пациенти.
На денот на интервенцијата повторно ми беа направени испитувања, операцијата траеше кратко, кога се исправив јас веќе гледав и тоа беше најемотивниот и најсреќниот ден во мојот живот.
Андриќ Маријана (49) направи корекција на диоптрија со вградување на мултифокални леќи во Систина Офталмологија. Пред 6 години започнува нејзиниот проблем со диоптријата, познато како старосна диоптрија.
„Мои пријатели ми ја препорачаа ласерската корекција на диоптрија и ми кажаа да дојдам во Систина Офталмологија. Ја споредував Систина Офталмологија и истражував во повеќе држави за истата интервенција, но некако најкомлетна ми беше вашата болница.“ – Чен Ји
Оваа операција можевме да ја направиме и во Швајцарија, но меѓу свои луѓе, на свој јазик, се чувствуваш попријатно и им веруваш 100%.
Младен моментално живее во Швајцарија и слушајќи од многу задоволни пациенти кои ја направиле ласерската корекција на диоптрија, решил да го отстрани својот диоптер.
Кристијан дошол во Македонија со својата сопруга, која е од Штип и сакал да го отстрани диоптерот. Кога слушнал дека во Штип се отвара Систина Офталмологија, не размислувале, веднаш го закажеле својот преглед.
“Во Систина Офтламологија почувствував дека сите работаат како едно и со една цел, а тоа е ние пациентите да го решиме својот проблем и да се чувствуваме безбедно и пријатно.”
Слаѓан Бојковски – проблемoт со диоптријата ми започнува во 2001 година, кога се појавија главоболки додека гледам телевизија.
Операцијата на катаракта помина одлично, со разговор, со песни. Атмосферата беше толку пријатна што мислев дека се наоѓам на разговор, не на операција.
Прочитајте што напиша Светлана Бобевска од Велес, на нашиот Facebook профил за нејзиното искуство со нас.
Анѓелка од мала се соочувала со висока миопија –4.50 на двете очи. Ова е нејзината приказна поврзана со ласерската корекција на диоптрија.
За ласерска операција на очи знаев поодамна, меѓутоа не знаев дека кај нас се изведува. Сите препораки беа насочени кон Систина Офталмологија.
За прв пат Ристо ги доверува своите очи на д-р Османи во 2020 година, каде што се констатира дека има катаракта и поради ударот добил крварење внатре во окото.
Операцијата беше одлична, со разговор, со песни. Атмосферата беше толку пријатна што мислев дека се наоѓам на разговор, не на операција.
Проблемот со диоптријата започнува да му прави проблем и во приватниот и во службениот живот. Поради тоа одлучува да направи некоја промена во животот.
Лилјана левото око го има оперирано од катаракта во Америка. Споредбата која ја прави помеѓу Систина Офталмологија и Northwestern универзитетската болница во Чикаго, процесот, припремите и самиот тек на операцијата можете да слушнете во видеото подолу.
Проблемот започна кога не ги вадев моите контакни леќи. Буквално само спиев без нив. Хигиената која треба за одржување на контакните леќи е задолжителна. За жал, јас не обрнував голема внимание на моите контакни леќи и ми создадоа инфекција.
На денот на интервенцијата се чувствував како и секој друг ден. Доволно прочитав за да ја сфатам рутински интервенцијата, можеби под ласер тие 5 минути беа малку тензични, ама ништо страшно.
Се одлучив храбро и решително, без многу мислење, си реков: што побрзо, тоа подобро, а исто така следев некое гостување на вашиот директор, каде што детално, точно и прецизно ги опиша условите во вашата болница за време на пандемијата.
Брзината и професионалноста во Систина Офталмологија ме изненади. Исто така, и постоперативните прегледи кои јас ги правев во Битола беа брзи и ефикасни. Сега гледам јасно и чисто!
Животот мора да тече и во време на пандемија, а за услугата, стандардите и третманот кој го дава вашата институција воопшто не се сомневав.
Само тој што нема диоптрија, не е свесен за каква радост станува збор, кога ќе станеш наутро и гледаш. Му благодарам на д-р Илир Османи поради кого ова искуство ми беше лесно.
Луѓе, гледам кристално јасно! Мислам дека само луѓето што имале проблем со видот, па го решиле, можат да ја разберат мојата среќа и воодушевување.
По 10 минутната интервенција, се вратил дома пресреќен што се ослободил од сите очни помагала. Слободата која ја почувствувал била непроценлива.
Решив да направам ласерска корекција на диоптрија и ја избрав Систина Офталмологија. Можам да кажам само едно – ласерската корекција на диоптрија беше една од најдобрите одлуки што сум ги направила во мојот живот.
Ленче Паунова е наша пациентка уште од 2015 година, кога ни ги довери своите очи за ласерска корекција на диоптрија. Во 2020 година, без размислување повторно ни ги довери своите очи поради природна појава на катаракта. Таа вели дека не чувствувала никаков страв во врска со пандемијата и цврсто била решена да ги довери очите [...]
“Знаев дека мојот избор ќе биде Систина Офталмологија”
„По отстранувањето на силиконот, гледам сосем чисто и многу сум задоволен.“
„Дојдов специјално од Белград во вашата болница, бидејќи знаев дека се препуштив на систем кој работи беспрекорно!“
„Еден ден по операцијата, иако веќе од вчера тоа беше така, јас немам никакви проблеми и гледам како со наочари, би рекол. “
„Искрено, среќна и благодарна сум што ја направив ласерската корекција на диоптрија и топло ве препорачувам на мои познаници.“
„Изреката на д-р Златко Арнаудовски на вашата интернет страница: ‘Од сите права, најголемо е човековото право на вид.’ беше одлучувачка за да ја направам оваа интервенција во вашата болница.“
„Прекрасно е чувството повторно да се види светот во една јасна кристална слика.” – Биљана Ристовска
Прекрасно е чувството повторно да се види светот во една јасна кристална слика – без заматен вид, а притоа на себе да немаш ниту очила ниту контактни леќи.
Операцијата беше прелесна и брза. Во операционата сала, и пред тоа имав
инструкции за сѐ од д-р Костовска, знаев што ми прави и затоа немав никаков страв. Уште утредента јас гледав одлично!
Енес Јонуз (43 години) е наш пациент од Скопје кај кого како последица на терапијата за хипоалбунемија и дополнителна состојба, настана неоваскуларизација, макуларен едем и оштетување на очниот нерв.
Истиот ден ја направија интервенцијата, која беше без болка, и јас со диоптрија -9 на левото око и -14 на десното око, не можев да верувам дека гледам без никаков проблем веднаш после операцијата.
Овие три дена по операцијата на катаракта со интраокуларна леќа, гледам одлично. Се чувствувам како нова благодарение на д-р Костовска и целиот тим.
„Советувањето за ласерска корекција на диоптрија ми помогна да се решам да ја направам во услови на Ковид-19. Не можев веќе да чекам, за мене беше итно.“ – вака Љеунит Дервиши го започна разговорот со нашиот тим од PX Office за своето искуство со ласерската корекција на диоптрија во нашата клиника.
„Се јавив во ‘Систина Офталмологија’ и ми ги објаснија сите мерки за заштита, ме анкетираа и откако беа сигурни, ми закажаа контрола за која инсистирав.“
Александар Кузмановски има 36 години и поради неговата очна состојба, беше кандидат за вградување на мултифокални леќи.
Моралната поддршка која ја имав од тимот на ‘Систина Офталмологија’ и моето семејство особено ми значеше. Ова претставува неверојатно искуство за мене, беше апсолутно безболно и одлично функционира.
Сега не можам да се препознаам. Ќерка ми по навика сега ми вика секое сабајле ‘Мамо, кај ти се наочарите, да не ги забораваш?’ ‘-‘Не, мамичка веќе не носи очила, не и требаат – гледа супер!’
Ирена Пановска (32 год.) направи ласерска корекција на диоптрија пред оптрилика една година. Нејзината диоптрија од минус 5.75 и минус 5.00 беше комплетно корегирана до нула.
Во текот на интервенцијата разговаравме како да сме на кафе. Се чувствував многу безбедно. Кога заврши со операцијата, докторката мораше да ми каже дека заврши затоа што јас мислев дека се уште не сме почнале
Додека разговоравме со Ислам за искуството на неговиот татко во нашата клиника и неговата состојба пред операцијата, во очите на Селим забележавме солзи радосници затоа што конечно гледаше многу добро.
Симјановски Борче (53 години) направи операција на страбизам во нашата клиника. Страбизмот го има од дете, но сега почнува да му прави проблем со видот поради што се одлучува за операција.
Димитар Радически (25 години) 2 години размислувал за ласерска корекција на диоптрија и конечно, во јули оваа година, ја направи. Сега се чувствува како нов човек. Баш ни е драго!
„Сега гледам подобро благодарение на вас. Можам да се вратам на секојдневните активности и да им помагам на внучињата при нивната игра и едукација, а дополнително и во домашните обврски на мојата прекрасна сопруга со која сум веќе 40 години во брак.“
Рефик Саити (42 год.), јануари оваа година, во приквечерните часови ургенто го донесоа во нашата клиника со сериозна повреда на левото око. Се стравуваше дали воопшто ќе можеше да се зачува окото како орган, а потоа и неговиот вид.
Павица Богданов има 84 години и е доктор по интерна медицина. Кога прв пат забележува проблем со видот, таа почнува да бара клиника и доктор на кој може да му верува, кој ќе и овозможи вид на сите растојанија без да има потреба да носи очила.
Димитар Кралев (47 години) имаше крварење во окото кое можеше да се третира само со операција витректомија.
Лазар Коцев има 74 години и направи операција на катаракта на десното око во нашата клиника пред извесно време. Операцијата е кратка, безболна и Лазар си отиде дома уште истиот ден со нов вид.
Кај Зеќир Симница (62 год.) беше откриен едем на макула поради кој неговиот вид беше влошен. Едем на макула е состојба на оток на делот од окото кој е одговорен за формирање на централната слика во видот. Оваа состојба, во зависност од нејзината сериозност, се третира со апликации на инјекции или со хирушка интервенција витректомија. Кај Симница состојбата се третира со апликација на инјекциите Elyea.
Донка Типовска Настова ни доаѓа од Тетово. Таа e една од добитничките на бесплатен преглед за ласерска корекција на диоптрија, на кој се утврди дека не е кандидат за ласерска корекција на диоптрија туку за вградување на факични леќи. На 29-ти јуни, како што и самата вели, ја разбуди другата во себе 😊
Моника Трпковска е наша прекрасна пациентка која ја има направено ласерската корекција на диоптрија и отворено зборува за позитивните промени кои ги доживеа откако ја направи интервенцијата.
„Уште од своја 11 година ми започна борбата со дијабетесот проследено со инсулинска терапија и …“
Со факични леќи се корегира висока диоптрија која не може да се корегира со ласерска корекција на диоптрија. Таков беше случајот со Зоран Јанчев чија диоптрија беше -9.75 и -7.50.
Дијабетесот е хронична болест која постепено го оштетува и видот. Успешни резултати во третирање на последиците од оваа болест врз очите дава апликацијата на инјекции во око т.н. анти-ВЕГФ третман кој беше применет кај нашата пациентка Лилјана Рашковска.
„Си одам од ‘Систина Офталмологија’ без срам и без перде!“ – беа зборовите на Игор Џамбазов кога замина од нашата болница.
На 2-ти август, ден кој е врежан во нејзиното сеќавање, наеднаш го губи видот. После посети на неколку болници, доаѓа кај нас и тука останува.
„Луѓе гледам! Преубо! Цело време читам билборди и натписи!“
Огнен Јанески ни ги довери своите очи и после долги години носење очила реши да ја отстрани диоптријата.
Љиљана Ѓошевска (53 год.) направи операција на катаракта (перде) на двете очи во нашата клиника. Катарактата кај Љиљана се развива како последица на нејзината состојба – лупус (автоимуна болест).
„Дојдов да ги бакнам златните раце на докторката!“ се зборовите на Садик кои резонираа во ординацијата на д-р Билјана Костовска на денот на контрола по операција – витректомија.
Живко Поповски (Цветин) има 75 години и направи операција на катаракта во нашата клиника.. Го сподели своето искуство кај нас во едно кратко видео.
Иако, нели, дамите имаат предност, Владимир прв влезе во операциона сала (така се договориле!) додека Ана трпеливо чекаше да ги види резултатите по интервенцијата.
Садиjе Амзаи (35 години) е медицинската сестра – инструментарка на Гинекологија и акушерство во Општа болница во Струга. Садије се ослободи од очилата кои и сметаа при работата со ласерската корекција на диоптрија за време на оваа пандемија. „Се решив на овој зафат за време на целата оваа ситуација со КОВИД-19 затоа што знам дека [...]
Неприкосновениот Перо Антиќ ја посети нашата клиника во Скопје за да провери дали е кандидат за ласерска корекција на диоптрија.
По интервенцијата, функционирам сосема нормално, ги обавувам своите бизнис задачи и спортски сум активен – без ограничување.