
Ристо Ѓорѓески (49 години), лице со дијабетес, од Гостивар во нашата болница направи операција на катаракта и операција витректомија на двете очи. Третманот на неговата дијагноза продолжува со анти-ВЕГФ инјекции за зачувување на видот. Ова е неговата приказна за оперативните зафати на предниот и задниот сегмент на окото.
Во aприл 2020 година Ристо добива удар со играчка во око и започнува да гледа малку матно.
„Како што викаат од играчка-плачка, мојата 1,5 годишна ќеркичка ме удри со својата играчка и морав да направам детален преглед на очите.“
За прв пат Ристо ги доверува своите очи на д-р Османи во 2020 година, каде што се констатира дека има катаракта и поради ударот добил крварење внатре во окото.
„Кога ми кажа д-р Османи дека ќе треба да правам две операции на окото – секако не ми беше сеедно, но целосно му верував и му го доверив своето лево око. Му кажав се што треба направете докторе, само да биде се во ред со моите очи.“
Ја оперира катарактата на левото око и прави оперативен зафат витректомија на левото око.
„Операциите поминаа во најдобар ред. Не лежев во болницата и двете операции беа од еднодневен карактер, односно дојдов, ме оперираа и си отидов. Прегледите ги продолжив во дијагностичкиот центар на Систина Офталмологија во Гостивар. Грижата и стручноста е иста како во болницата во Скопје.“
Ристо исто така боледува и од дијабетес од 2007-ма година, поради што прима анти-ВЕГФ инјекции кај д-р Илир Османи. Инјекциите ги прима редовно во договор со докторот.
Во 2021 година, Ристо ја отстранува катарактата од десното око и прави оперативен зафат витректомија на десното око односно зафати на преден и заден сегмент на окото.
„Одевме постепено и со многу внимание д-р Османи ја следеше мојата состојба. Не се брзаше за ниедна одлука. По успешниот третман на левото око, одлучивме да го оперира и десното око. Морам да и се заблагодарам и на оптометристот Ангела, која беше постојано со мене низ целиот процес. Голема благодарност до д-р Османи, оптометристот Ангела, како и целиот тим на Систина Офталмологија во Скопје и Гостивар за постојаната грижа и дадената довербата која ја оправдаа.“
Состојбата на очите на Ристо се одржува со анти-ВЕГФ инјекции.
Му благодариме на Ристо за дадената доверба.
