Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Опис

IOL master е ласерска технологија со која се мери должината на окото.

Мерење на должината на окото е особено важно при операција на катаракта, бидејќи на тој начин офталмологот ја избира најсоодветната интраокуларна леќа која се вградува кај пациентот.

IOL master е последната технологија за мерење на должината на окото. Оваа метода е попрецизна од други дијагностички методи за мерење на должината на окото бидејќи овозможува повеќе информации кои се важни за офталмологот при изборот на интраокуларна леќа.  

Дијагнози

Оваа апаратура се користи за презицни мерења на должината на окото при:

  • операција на катаракта со вградување на интраокуларна леќа;
  • операција за корекција на диоптрија со интраокуларна леќа.

Процедура

Оваа процедура е без-контактна и е комплетно безболна. Се прави без анестезија.

При изведувањето на испитувањето со вас е офталмолог и оптометрист/медицинска сестра.

Ќе ја потпрете главата на потпората за да биде стабилна и без движење. Апаратот ќе го скенира вашето око без да го допре. Ова снимање трае од 3 до 6 минути. 

Апартот нуди презицни информации и самиот декетира на кое око се врши снимање, поради што не постои ризик од мешање на мерењата на десно и лево око.

Не се изведува

IOL Master е снимање без зрачење.

Зрачење

Со оваа дијагностика се врши ласерско скенирање на окото, без никакво зрачење.

Цена

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

Предоперативен преглед за катаракта

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master.

3.000,00

Преглед за мултифокални леќи

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master.

3.000,00