Пост ковид очен преглед е наменет за лица кои прележале коронавирус, со и без очни симптоми.

Влијанието на коронавирусот врз нашиот организам може да биде само благо, асимптоматско, но може и да предизвика други болести и да остави последици кои се долготрајни и многу сериозни. По прележувањето на болеста, организмот се опоравува и голем дел од функциите целосно се нормализираат.  

Најчестите симптоми на коронавирусот се кашлица, замор, треска, главоболка, болки во мускулите и губење на вкус или мирис. 

Според истражување кое е објавено во списанието BMJ Open Ophthalmology, околу 80% од пацентите кои имале ковид се изјасниле дека во рок од две недели по самата болест искусиле и проблеми со очите.

Најчести очни состојби кои биле пријавени се:

  • чешање;
  • осетливост на светло;
  • воспаление.

Кај потешките случаи на оваа болест, пациентите пријавиле симптоми на чувство на горење на очите, црвенило, болка, подуеност, отечени очни капаци и често насолзување.

Корoнавирусот на очите може да предизвика конјунктивит или кератит (промени во предниот сегмент на окото) кои резултираат со симптоми како наведените погоре и кои најчесто поминуваат со препорачана терапија во вид на капки и не оставаат последици. Но, промените во задниот дел на окото како увеит, тромбоза на главните очни вени, воспаление на очниот нерв може да  доведат до трајни оштетувања на видот ако не се лекуваат навремено и соодветно. 

Доколку сте прележале ковид-19, и имате некои од симптомите наведени долу, пожелно е да го закажете вашиот пост ковид очен преглед побрзо:
  • Мигрени;
  • Осетливост на светло;
  • Црвенило во очите;
  • Болка во очите;
  • Повремено заматен вид;
  • Потешкотии при фокусирање;
  • Слаба перцепција за длабочина.
 Доколку ги имате симптомите наведени подолу, закажете вашиот пост ковид очен преглед веднаш:
  • губиток на видот на едно око;
  • губиток на дел од видното поле или сенка во истото;
  • темни флеки во централниот вид на видното поле (најзабележливи при читање).

И во со случај да немате од горенаведените симптоми, но сепак сте прележале коронавирус и сакате да бидете сигурни дека се е во ред со вашите очи и вид, закажете го овој пост ковид преглед. Коронавирусот и последниците кои ги остава се се уште изненадување и за пациентите и за офталмолозите, па се почесто имаме пост ковид последици кои сме ги нашле случајно кај пациент кој нема симптоми. 

Деталноста на овој преглед овозможува да провериме дали имате сувост на очите, промени на рожницата кои влијаат на квалитетот на видот (особено на контрастот), внатрешни воспаленија, кои можат долго да останат асимптоматски, а да направат сериозни оштетувања или промени во циркулацијата на окото кои некогаш остануваат незабележани и до три месеци по нивното појавување, а тогаш резултираат со тешки компликации (глауком по три месеци од тромбоза на централна ретинална вена или венска гранка).

Пост-ковид очен преглед

Детален преглед наменет за лица кои прележале коронавирус.

2.260,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.