Ние знаеме што им е потребно на нашите пациенти и знаеме како тоа да го направиме.
Ние сме водечка очна болница во регионот, која со стручно знаење на медицинскиот кадар, високата технологија и вистинска грижа за вашите потреби ќе ви даде подобар поглед на светот околу вас и ќе ви го подобри животот.
Како дел од групацијата на Универзитетската клиника „Свјетлост“ од Загреб, на повеќе нивоа, ги следиме и аплицираме највисоките стандарди во лекувањето на сите можни очни болести на пациентите.
Постојано ги усовршуваме нашите методи на лечење со цел да овозможиме најдобра медицинска грижа на луѓето и нивните семејства во заедницата на која и припаѓамe.
Секојдневно ја создаваме и живееме филозофијата на Patient Experience (PX) зошто веруваме дека секој пациент е уникатен и единствен како и решението на неговиот проблем.
„Од сите права, најголемо е човековото право на вид.“
Континуирано сме посветени на надградбата во сите сегменти, особено во делот на поддршката и градењето на млади и перспективни специјализанти офталмолози.
Ви благодариме на довербата.