Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Дегенеративните промени на капаците не се само естетски проблем, често може да предизвикаат многу сериозни и трајни промени на предниот сегмент на окото. Нашите хирурзи ги вршат сите видови на пластична хирургија на капаците за да може да се воспостави нормална функција на окото.

Опис

За време на процесот на стареење, кожата на капакот станува потенка, помалку еластична, ја губи потпората, што доведува до губење на масното ткиво и заморот на тетивите на очниот мускул доведува до преголема опуштеност на капакот. Како резултат на тоа, вишок кожа и маснотии може да се соберат над и под вашите очни капаци. Ова може да предизвика опуштени веѓи, спуштање на горните капаци и подочници под очите.

Опуштената кожа може да предизвика и намалување на периферниот вид. Блефаропластиката може да ги намали или целосно да реши овие проблеми со видот. Операцијата исто така може да направи очите да изгледаат помлади и поотворени.

  • Дијагнози

Со блефаропластика се третираат следните состојби (дијагнози):

  • Масно ткиво на горен капак или спуштен горен капак (горна блефарохалаза)
  • Вишок кожа на горните капаци која налегнува врз трепките и ја намалува широчината на видното поле
  • Вишок кожа на долните капаци (долна блефарохалаза)
  • Масно ткиво на долниот капак (под очите)

Кандидати

Кај лицата кои страдаат од хронично суво око, хипертензија, нарушувања на циркулацијата, нарушувања на тироидната жлезда, дијабетес или срцеви заболувања доколку нивната состојба е регулирана и е стабилна, се кандидати за оваа интервенција.

Преглед

Се прави  преглед за окулопластика за да се провери состојбата на капаците и видот.

По потреба може да се направат и дополнителни дијагностички испитувања како испитување на видно поле за да се утврди дали има слепи точки во периферниот вид.

Се прават и фотографии за да се следи резултатот пред и по интервенцијата.

На самиот преглед разговарате со офталмологот за резултатот кој сакате да го постигнете од интервенцијата и колку е тој возможен во вашиот случај, односно реално што може да очекувате.

Предоперативна подготовка

Предоперативната подготовка трае околу 20 минути. Пациентите со хронични болести,  во зависност од терапијата која што ја примаат, имаат посебни подготовки за кои се информирани на денот на закажување на операцијата.

Подготовката ја започнува медицинската сестра при што се зема анамнеза. Се проверува крвен притисок и шеќер. Потоа во консултација со офталмологот доколку има потреба се прават дополнителни дијагностички испитувања.

Откако пациентот ќе биде целосно подготвен се внесува во операциона сала.

Интервенцијата се изведува со локална анестезија. По потреба, може да се изведе со општа анестезија при што претходно се прави анестезиолошки преглед.

Тек на операција/интервенција

Во овој случај се применува естетска блефаропластика.

Доколку се прави на горниот капак, хирургот сече долж преклопот на очниот капак. Хирургот отстранува дел од вишокот кожа, мускули и по потреба и маснотии. Потоа следи шиење на отворот.

Доколку се прави на долниот капак, хирургот прави засек веднаш под трепките во природниот набор на окото или во внатрешноста на долниот капак. Хирургот ги отстранува или прераспределува вишокот маснотии, мускулите и опуштената кожа.  Отворениот засек се затвора со шиење.

Ако горниот очен капак се спушти блиску до зеницата, хирургот може да направи блефаропластика во комбинација со процедура наречена птоза. Птозата е дизајнирана да го подигне очниот капак, како и да го отстрани вишокот кожа на очните капаци.

Постоперативна нега

По интервенцијата, следниот ден е првата контрола, потоа следна контрола е за една недела и трета контрола е за еден месец.

На пациентот му се препишува терапија (антибиотски/кортикостериодни капки и маст) и е должен да ја користи согласно временскиот период назначен од офталмологот.

Пожелно е да се спие со главата на повисока перница неколку дена, и да се носат темни очила за да се заштити кожата од сонцето и ветерот.

Очекувано е да се појават модринки и оток кој се намалува полека од 10 до 14 дена. Потребно е неколку месеци за лузни од хирушките засеци целосно да избледат. Во одредени случаи оваа интервенција може да има потреба да се направи повторно.

Мерки на претпазливост

Ограничувањата по операција на блефаропластика се привремени и не траат долго и секогаш се согласно препорака на хирургот.

Во првите 3 дена по операцијата, треба да се избегнува миење на лице со обична вода и триење на окото и првиот месец да се избегнува потешки напори како и кревање на тешки предмети. Особено е важно редовно и правилно да се користи пропишаната терапија.

Исто така не треба да се носат контактни леќи две недели по интервенцијата.

Најчесто спортските активности вообичаено се дозволени веќе по 2-3 недели по операцијата, во зависност од возраста на пациентот и интензитетот на вежбање.

Медицинскиот персонал е достaпен 24/7 за било каква консултација која е потребна по операцијата.

Цена

Пакетот вклучува: интервенција со локална анестезија, контролите и терапијата во следените три месеци.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологијa.

Преглед за окулопластика

2.800,00

Контрола по окулопластика

1.000,00

Блефаропластика (корекција на блефарохалаза)

35.500,00