Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Солзите имаат позитивна улога – тие се физиолошки заштитен механизам кои имаат повеќе функции: ги штитат  и прочистуваат очите, ја навлажнуваат рожницата и ја одржуваат провидноста на окото за да може нормално да гледаме.

Си постои една динамика во продукцијата на солзи во текот на целиот ден, но доколку нема нормален излив на солзите, тие се собираат во солзната кеса и се блокира солзниот канал.

Опис

Солзниот канал е дел од системот за одводнување на солзите. Ги исцедува солзите низ носната коска и во задниот дел на носот. Солзниот канал се нарекува и назолакримален канал.

Солзите се создаваат во жлездите под очните капаци. Ги мијат очите за да бидат влажни и чисти. Потоа, тие се исцедуваат низ солзните канали. Кога солзниот канал е блокиран (блокада), солзите не можат да се исцедат.

  • Симптоми

Симптомите на блокиран солзен канал се манифестираат со:

  • Прекумерно солзење
  • Црвенило на белиот дел од окото
  • Хронична инфекција или воспаление на очите (розово око)
  • Болен оток во близина на внатрешниот агол на окото
  • Корка на очните капаци
  • Слуз или гноен исцедок од капаците и површината на окото
  • Заматен вид

Кандидати

Блокирање на солзните канали е вообичаена состојба кај новородени дечиња што се подобрува во текот на првата година од животот, без потреба од дополнителен третман. Кај возрасни лица може да е резултат на воспаление, повреда, и ретко, тумор. 

Оваа состојба речиси секогаш може да се коригира. Третманот зависи од причината за блокадата и возраста на засегнатото лице.

Преглед

На прегледот се прави основен офталмолошки преглед на кој се проверува солзниот канал. Се проверува и внатрешнота на носот за да се утврди дали постојат одредени структурални нарушувања на носните патишта кои може да го предизвикуваат блокирањето на солзните канали.

Прегледот се адаптира во зависност од возраста на пациентот односно дали е бебе, дете или возрасен човек.

Дијагностички испитувања во склоп на прегледот

По потреба се прават и дополнителни испитувања како тестови за квантитативно мерење на количина на солзи:

  • Ширмер тест: со кој се мери базична и рефлексна секреција на солзи.
  • TУБТ (Tear break time test): со кој се мери брзината на губење на солзите од површината на роговицата.

Испирање на солзни канали / Инцизија и дренажа – вашиот офталмолог може да испушти солен раствор низ солзниот канал за да провери дали е прооден. Или може да вметне тенок инструмент (сонда) низ ситните дренажни дупки на аголот на вашиот капак (puncta) за да провери дали е блокиран каналот. Во некои случаи ова испитување може дури и да го реши проблемот.

Интервенциите се изведуваат со општа анестезија во операциона сала, освен инцизија и дренажа која е амбулатска процедура и се изведува со локална анестезија.

Предоперативна подготовка

Доколку солзната ќеса е воспалена, пред операција треба да се истретира со антибиотска системска терапија и локална терапија. 

Се прави анестезиолошки преглед при што се зема целосна анамнеза за состојбата на пациентот односно од родителите на детето.

Пациентите со хронични болести, во зависност од терапијата која што ја примаат, имаат посебни подготовки за кои се информирани на денот на закажување на интервенцијата.

Откако пациентот ќе биде целосно подготвен се внесува во операциона сала.

Тек на операција/интервенција

Интервенцијата со која се третира солзниот канал се нарекува дакриоцисторионстомија. 

Со оваа интервенција се формира вештачки отвор во носната коска и се поврзува со солзните канали што ќе овозможи нормално истекување на солзите од окото во носната шуплина.

Чекорите во оваа процедура варираат, во зависност од локацијата и степенот на блокираниот солзен канал, како и од искуството и преференциите на вашиот хирург.

Интервенциите се изведуваат со општа анестезија во операциона сала, освен инцизија и дренажа која е амбулатска процедура и се изведува со локална анестезија.

Постоперативна нега

Првата контрола по интервенцијата се закажува на 1 недела на која се вади преврската и се прегледува окото. Потоа во договор со хирургот се закажуваат следните контроли.

По интервенцијата, се препорачува користење спреј со назален деконгестив и капки за очи за да се спречи инфекција и да се намали воспалението.

По шест до 12 недели, ќе се  отстранат сите стентови што се користат за одржување на новиот канал отворен за време на процесот на заздравување.

Во случај на појава на симптоми како прекумерено крварење од носот кое трае повеќе од час време, побарајте го вашиот офталмолог веднаш.

Мерки на претпазливост

Ограничувањата по интервенцијата се привремени и не траат долго и секогаш се согласно препорака на хирургот.

Пациентите не смеат да летаат или пливаат 2 – 3 недели, да избегнуват топли пијалоци 36 часа и да не го дуваат носот 2 недели. Исто така, треба да се избегнуваат напорни вежби најмалку десет дена и треба да спијат со крената глава на дополнителна перница.

Многу пациенти продолжуваат да имаат насолзени очи неколку недели по интервенцијата додека отокот и воспалението не се смират, и не се отстрани стентот во носот. Иако инцизијата на кожата заздравува во текот на неколку недели, внатрешниот оток и заздравувањето може да потрае повеќе месеци за да се смири, а со тоа и повремено солзење може да се очекува и неколку месеци по интервенцијата.

Цена

Пакетот вклучува: интервенција со локална анестезија, предоперативна подготовка и две контроли по интервенција.

Анестезиолошкиот преглед и општата анестезија се наплаќаат дополнително.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологијa.

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.

1.400,00

Испирање на солзни канали

1.800,00

Инцизија и дренажа на солзни канали

5.000,00

Дакриоцисториностомија

80.000,00