Систина Офталмологија е единствената очна приватна клиника која нуди можност за специјализација по офталмологија и практично доусовршување во странство со можност за вработување по успешно завршување на специјализацијата.
Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19
Повеќе
Специјализацијата, по избор на специјализантот, може да се одвива преку Универзитетска клиника „Свјетлост“ во Загреб или Универзитетот во Штип.
Специјализацијата по офталмологија трае 4 години во кој период е предвидено да се поминат турнуси од сите области на офталмологијата и да се стекнат вештини за правилна комуникација со пациентите.
Во текот на специјализацијата, специјализантот стекнува практично искуство и знаење паралелно работејќи со својот ментор во амбуланта и операциона сала – од прегледи на пациенти и дијагностички испитувања за утврдување на точна дијагнози и третман на очната состојба, подготовка на пациентот за пред операција и присуство во операциона сала за време на операцијата, до постоперативно следење на состојбата и грижа на пациентите.
Специјализантот за време на специјализацијата се ротира за да се овозможи сеопфатно знаење и искуство за хирургија на катаракта, хирургија на заден сегмент – витректомија, ласерска корекција на диоптрија, хирургија на страбизам, детска хирургија, лекување на болести на заден сегмент на окото, окулопластика, ласерски третман на преден и заден сегмент на око и сл.
Покрај практичното искуство и знаење во клиниката, специјaлизантите следат предавања на универзитетот по нивен избор за завршување на практичниот и теоретскиот дел. По положување на завршен специјалистички испит, специјализантот се стекнува со титулата специјалист по офталмологија и оптометрија.