Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Опис

Пентакам на рожница (корнеа) е дијагностика која користи ротирачка камера Scheimpflug со висока резолуција и систем за осветлување кој овозможува прецизна и сигурна слика и анализа на структурите на предниот сегмент на окото како што се рожницата, ирисот и природната леќа. 

Пентакамот се смета за златен стандард за топографско снимање на рожницата. Воедно, со овој апарат се снима и преден и заден сегмент на окото при што се утврдува дали во задниот дел на окото има одредени аномалии за кои се уште нема симптоми. 

На сликите им се потребни само 2 секунди за да се добијат и не бараат никаков контакт со окото. Потоа се конструира 3-димензионален виртуелен модел на предниот сегмент и приближно 25.000 точки на податоци се користат за пресметување на топографијата на рожницата и елевација на предната и задната површина, вкупната моќност на рожницата, како и длабочината и волуменот на предната комора меѓу другите параметри. Овие параметри покажуваат дали окото е здраво.

Дијагнози

Со пентакам анализа се испитува:

  • дебелина на рожница;
  • закривеност на рожница;
  • нерамнини на површината предизвикани од повреди или инфекции;
  • кератоконус и други ектазии на рожницата;
  • дистрофии на рожницата;
  • дегенерации на рожницата;
  • хронична и силно изразена сувост на рожницата.

Процедура

Пентакам на рожница (корнеа) комплетно безболна дијагностичка процедура. Се прави скен на вашето око.

Тоа се довива на тој начин што вие ја поставува главата на потпорните елементи од апаратот. Најпрво започнува снимањето на едно око, кое треба да го држите отворено. Откако ќе заврши снимањето на првото око, продолжува снимањето на второто око на истиот начин. 

Постапката може да се повтори неколку пати  за подобра анализа и споредба.

Снимањето се врши во темна просторија.

Не се изведува

Пентакам на рожница (корнеа) се изведува и кај деца и кај возрасни.

Зрачење

Со оваа постапка се врши снимање на окото без физички контакт и без зрачење.

Цена

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

Пентакам

Дијагностика за анализа на рожница.

3.100,00