Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Болести на ретина се: макуларна дегенарција (влажна и сува форма), дијабетична ретинопатија, ретинална дупка, ретинална дегенерција, макулерен едем, ретинална венска оклузија и тракција со можност за одвојување на ретина.

Дијабетична ретинопатија

Дијабетес (шеќерна болест) е водечка причина за слепило и лош вид на работоспособната популација во светот. Дијабетесот може да предизвика оштетување на очите како последица на долготрајно зголемено ниво шеќер во крвта. Се оштетуваат крвните садови на ретината, доаѓа до крварење на самата ретина, до оток и масни таложења особено во центарот за јасен вид, како и создавање на нови крвни садови заради што доаѓа до појава на крварење во внатрешноста на окото. Оваа состојба се нарекува дијабетичната ретинопатија.

Кај веќе развиена дијабетична ретинопатија, новоформираните крвни садови кои имаат слаби ѕидови и се абнормални, го унишутваат здравото ткиво на ретината така што пукаат и крварат или со спречување на здравата циркулација. Раното лекување со инјекции и ласер постигнува уништување на тие новонастанати крвни садови. Воедно, нивниот развој може да се превенира ако на време се започне со инјекции и ласер.

Исто така, пациентите со оваа состојба кои имаат диоптер или цилиндер се погодни за ласерска корекција на диоптрија во случаи кога дијабетесот нема направено промени во окото. Технологијата е толку напредна што и кај пациенти кои имаат дијабетична ретинопатија, ги имплантираме најновите интраокуларни леќи со кои ја отстрануваме нивната диоптријата.

Сиптоми за дијабетична ретинопатија:

  • постепено влошување на видот.
  • ненадејно губење на видот.
  • опацитети кои лебдат во вашето видно поле (мушички)
  • заматен вид;
  • болка во очите или црвенило.

Макуларна дегенерација (сува и влажна форма)

Макула или жолта пега е средниот дел на ретината или мрежницата која ни овозможува централен вид, читање и разликување на фини детали.

Дегенерација на макулата е болест која најчесто се јавува кај постари лица, обично над 50 години, а резултира со губење на видот во средишниот дел на видното поле така што отежнува и оневозможува читање и препознавање на лица, иако останатиот перифеерн вид омозможува останати секојдневни активности.

Ризик фактори освен годиите, се и семејна анамнеза, пушење, висок крвен притисок и маснотии. Оваа состојба се јавува во две форми: „сува“ и „влажна“.

Сувиот облик на макуларна дегенерација се карактеризира со промени со кои доаѓа до пропаѓање на клетките на мрежницата одговорни за вид. Сувиот облик поспоро напредува од влажниот облик на макуларна дегенерација и со тек на време доведува до неповратно намалување на видната острина. Најтешкиот облик на сува форма на макуларна дегенерација доведува до потполно оголени делови на межницата кои личат на географска карта. Во моментот не постои ниту еден делотворен начин на лекување на сува макуларна дегенерација, но постои начин да се забави нејзината прогресија, со помош на витамински комплекси со висока концентрација на антиоксидансот лутеин кои докажано го успоруваат напредувањето на сува сенилна дегенерација на макулата, како и нејзино преминување во влажна.

Влажниот облик на сенилна макуларна дегенерација се карактеризира со пропаѓање на ткивата во макулата кое доведува до раст на абнормални крвни садови, крварење и нивно пропуштање на течност во околните ретинални ткива. Последица на тоа се отоци и ексудати кои ги раслојуваат ретиналните слоеви што доведува до оштетување на нервните клетки и фоторецепторите.

  • Најчести симптоми за влажна макуларна дегенерација:
    • Слабеење на централниот вид,
    • Отежнато читање,
    • Појава на сенка во централниот дел на видот или губење на дел од сликата во центарот,
    • Искривени линии ( пр. при решавање на крстозбор)
    • Потешкотии при разликување на бои и
    • Бавно опоравување на видот при преминување од светла во темна просторија.

Во прилог: Амслерова мрежа (Amsler Grid) за самостојна проверка

Макуларен едем

Макуларниот едем настанува кога течност се насобира во макулата и предизвикува отекување.  

Макуларниот едем може да настане поради:

  • дијабетес;
  • макуларна дегенрација;
  • ретинална венска оклузија;
  • наследни болести како ретинохизија или ретинитис пигментоса;
  • воспалителни очни болести како на пример увеитис;
  • лекарства;
  • очни тумори;
  • очна операција – не е често но може да настане после одредена очна операција;
  • Повреди на очи.

Макуларниот едем е најчесто без симптоми и е безболен. Но, симтпоми кои може да индицираат дека имате ваква состојба се:

  • заматен или брановиден централен вид; 
  • боите изгледаат побледо или се различни; 
  • потешкотии при читање. 

 Доколку забележите некои од овие симптоми, потребно е да се упатите веднаш на офталмолог. Ако не се третира навреме, постои можност од слепило.

Преглед

Супспецијалистичкиот преглед е детален преглед и се состои од проверка на преден сегмент, како и определување на диоптрија (нова диоптрија, промена на диоптрија, проверка на скриен диоптер) и проверка на заден сегмент на окото (очно дно и очен нерв). Овој преглед се прави кај сите болести на ретина.

ОЦТ е оптичка кохерентна томографија –  се снима структурата на жолтата пега (макулата) и очниот нерв за да се открие дали има одредени недостатоци на таа структура, кои се невидливи при преглед со лупа.  Кај лица над 60 години со старосна диоптрија, се прави оваа дијагностика поради можноста на појава на макуларна дегенерација.

Видно поле – со ова испитување се прави проверка на централниот вид и страничниот вид (периферниот вид). Периметријата служи за да се воочат промени во видот, односно негово слабеење кое може да е предизвикано од болеста.

Флуросценска ангиографија – по потреба се прави кај макуларна дегенерација.

Преглед за лица со дијабетес – овој преглед е наменет за лица кои имаат дијабетес. Се врши проверка на преден сегмент, определување на диоптрија (нова диоптрија, промена на диоптрија, проверка на скриен диоптер) и проверка на заден сегмент на окото (очно дно и очен нерв) кое се состои од испитување таканаречено ОЦТ или оптичка кохерентна томографија кое воедно е и најважното испитување кај лицата со дијабет. Со ова испитување се снима структурата на жолтата пега (макулата), очниот нерв за да се открие дали има одредени недостатоци на таа структура, кои се невидливи при преглед со лупа како и состојбата на крвните садови во задниот сегмент на окото.

Сите дијагностички испитувања се безболни и се прават во соработка со пациентот.

Медикаментозен третман

  • Ласерфотокоагулација

Ласерфотокоагулација се одвива во амбулантски услови, со локална анестезија на проширена зеница.

Офталмологот со ласерот прави мали изгореници во засегнатите области, создавајќи сврзно ткиво со кое во зависност од дијагнозата се запечатува ретиналната дупка, се запира протекување на абнормалните крвни садови со тенки ѕидови или се забавува нивниот раст.

Може да почувствувате светли трепкања или да почувствувате додека ласерира вашиот лекар. Оваа постапка може да се повтори и неколку пати доколку има потреба.

  •  Анти-ВЕГФ третман (инјекции во око)

Денес, стандардите на лекување се променети и прва линија на третман а апликацијата на интравитреални инекции од групата на анти-ВЕГФ. Апликацијата на ове инекции е во локална анестезија со анестетски капки и е комплетно безболно.

Апликацијата на инекција се врши еднаш месечно во време од неколку месеци или година. Со помош на ваквата терапија освен стабилизација на состојбата на ретината, често имаме и подобрување на видот.

Оперативен третман

  • Витректомија

Витректомија е најсложената микрохирушка операција со која се третираат болести на заден сегмент на окото како: крварење во око, одлепување на ретина (аблација на ретина), макуларна дегенерација, дијабетична ретинопатија, руптура (дупка) на макула и сл.

Хирургот прави засеци низ 4  мали отвори на белката (помали од 1 мм) за да го отстрани стаклестото тело во окото, по што истото се заменува со специјален гас (кој со текот на времето се ресорбира) или силиконско масло. Доколку пациентот има руптури (дупки) на ретината, тие се санираат со ласерфотокогулација.

На крајот на операцијата се прави тампонада со гас или силиконско масло кое зависи од состојбата на ретината.

Откако ќе заврши операцијата, пациентот се внесува во апартман.  Околу половина час по операцијата пациентот си оди дома (еднодневна хирургија) со преврска на оперираното око.

  •  Аблација на ретина (одлепување на ретина)

Аблација на ретина или одлепување на мрежницата е итна состојба која мора да се оперира во рамките на 24 часа. Во Систина Офталмологија може да ја организираме операцијата во рамките на 24 часа за време на работен ден или празник.

При аблација на ретина се прави операција витректомија.

Во текот на оперцијата се отстранува стаклестото тело, кое е болно и ја предизвикало аблацијата. Стаклестото тело потоа се надоместува со нормалната очна водичка која окото сама ја произведува и окото нормално функционира. Откако ќе се отстрани стаклестото тело, се идентификуваат „дупките“ на ретината, ретината и дупките се лепат со ласер.

На крајот на операцијата во окото се става гас или силиконско масло за да ја држи ретината прилепена додека таа целосно не се прилепи. Предност на гасот е што самиот излегува од окото и после 2 до 6 недели не е потребно да оди на дополнителна операција за вадење на силиконското масло. Во случаите кога аблацијата не е навреме откриена или се комплицирани и имаат лузни во окото, се става силиконско масло кое потоа се вади од окото за кеолку месеци, но може да остане и година дена ако окото е тешко оштетено.

Цена

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.900,00

Преглед за лица со дијабет

Детална проверка на преден и заден сегмент и ОЦТ анализа.

3.300,00

ОЦТ

Оптичка кохерентна топографија на преден сегмент или заден сегмент.

1.900,00

Видно поле

Испитување на две очи.

1.620,00

Видно поле

Испитување на едно око.

1.200,00

Ласерфотокоагулација со аргон ласер

Цената се однесува на едно око.

7.700,00

Апликација на Аvastin инекција

Апликација на Авастин интрабулбарно. Цената се однесува на едно око.

12.500,00

Апликација на Аvastin инекција

Апликација на Авастин субконјуктивално. Цената се однесува на едно око.

8.300,00

Витректомија

Операција на заден сегмент. Цената се однесува на едно око.

123.000,00

Витректомија преку ФЗО

Операција на заден сегмент. Цената се однесува на едно око.

6.000,00

Витректомија и операција на катаракта

Операција на заден сегмент и операција на катаракта со вградување на интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

166.000,00

Аблација на ретина преку ФЗО

Операција на заден сегмент. Цената се однесува на едно око.

6.000,00

Аблација на ретина

Операција на заден сегмент. Цената се однесува на едно око.

123.000,00