Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Анти-ВЕГФ (anti-VEGF) третман се група на лекови (инјекции) кои служат за третирање на болести на задниот сегмент (ретината).

Болести кои се третираат се: дијабетична ретинопатија, оклузија на ретинални вени, влажна форма на макуларна дегенерација, миопска дегенерација на макулата и други неоваскуларни болести и состојби на ретината.

Анти-ВЕГФ третманот го сопира растот на абнормални крвни садови низ ретината, го намалува ретиналниот едем, помага во ресорпција на постоечките крварења на ретината, спречува настанување на дополнителни компликации како резултат на нарушена циркулација,  го подобрува видот.

Опис

Факторот за раст на крвните садови (ВЕГФ) е протеин кој се создава во окото како одговор на намалено количество на кислород во ткивата.  Овој протеин формира нови крвни садови, кои растат брзо а се неправилни во својата форма и функција што резултира со крварења и отоци кои го намалуваат видот на видот а дополнително доведуваат  и до анатомски оштетување на окото.

Како анти-ВЕГФ третман се користат следните инјекции:

  • Bevacizumab е off lable препарат кој се користи за третман на болести на ретината.
  • Aflibercept е лек кој е регистриран за третман на макуларен едем при дијабетична ретинопатија (отекување на точката за јасен вид како компликација кај лица со дијабет), оклузија на ретинални вени,  миопска дегенерација на макулата со последична неоваскуларизација во центарот за јасен вид, влажна форма на сенилна макуларна дегенерација.
  • Faricimab е хуманизирано биспецифично имуноглобулинско G1 (IgG1) антитело кое делува така што ги неутрализира и ангиопоетин-2 (Ang-2) и васкуларниот ендотелен фактор на раст-А (VEGF-A), со што инхибира две различни патеки на сигнализација. Со двојна инхибиција на Ang-2 и VEGF-A, лекот faricimab ја намалува пропустливоста и воспалението на крвните садови, инхибира патолошка ангиогенеза и повторно воспоставува васкуларна стабилност.
  • Brolucizimab е лек кој се врзува за сигналниот протеин васкуларен ендотелијален фактор на раст А и на тој начин го блокира, а е наменет за пациенти со сенилна макуларна дегенерација. Со блокирање на VEGF-A, brolucizimab го намалува растот на абнормалните крвни садови, ја заштитува макулата од оштетување и ја контролира прогресијата на влажната сенилна макуларна дегенерација.

Кандидати

Анти-ВЕГФ третманот ги блокира ВЕГФ протеините а со тоа спречува создавање на абнормални (неприродни) крвни садови во окото. Со него се намалува или комплетно спречува штетата која настанува од тие крвни садови, како на окото така и на видот.

Кандидати за анти-ВЕГФ третман се сите лица со дијагнози:

  • Макуларен едем при дијабетична ретинопатија (отекување на точката за јасен вид како компликација кај лица со дијабет);
  • Оклузија на ретинални вени (зачепување на крвните садови на ретината од тромб);
  • Миопска централна неоваскуларизација;
  • Влажна форма на сенилна макуларна дегенерација (влажна макуларна дегенерација).

Овие болести претставуваат и водечки причини за слепило кај лица постари од 50 год. Пред појавата на овие инјекции, овие состојби најчесто доведуваа до губење на видот на едното или на двете очи.

Преглед

Се прави супспецијалистички преглед кој се состои од рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

По потреба се прави и ОЦТ – оптичка кохерентна томографија како и дополнителни дијагностички испитувања на барање на офталмологот.

По прегледот ги добивате извештајот и резултатите од направените дијагностички испитувања.

Подготовка пред третман

Апликацијата на интравитреални инекции е едноставна кратка постапка, која се изведува во локална анестезија и не е потребна посебна подготовка пред треман.

Тек на третман

Тремантот се одвива во операциона сала.

Се капат анастетски капки во окото на пациентот и се поставува држач за капаци чија намена е да го држат окото отворено.

Потоа офталмологот го инјектира лекот во белиот дел на окото (белка) користејќи многу тенка игла. Самата апликација трае само неколку секунди така што пациентот не ја забележува иглата и не чувствува болка.

Откако ќе се аплицира лекот, пациентот останува уште кратко време во нашата клиника и повторно се мери очен притисок. Пациентот си оди дома истиот ден.

Овој лек делува одреден временски период (од 1 до 3 месеци)  и мора да се повторува апликацијата во одредени интервали до комплетна стабилизација на болеста.

Постоперативна нега

Очекувани реакции по апликација (инјектирање) на лекот се:

  • Мала нелагодност и црвенило на денот на третманот;
  • Опацитети (темни точки) во долниот дел од видното поле, неколку дена по апликација.

Мерки на претпазливост

Нема ограничувања на вообичаените работни и животни обврски по апликацијата на лекот.

Нема потреба од придружба на денот на апликација на лекот.

Во случај да пациентот да почувствува многу силна болка во окото, ако црвенилото се влоши, ако е пречувствителен на светлина, има отечување или видот нагло се влошува, потребно е веднаш да го побарате офталмологот (секој пациент добива телефонски број од својот лекар) или нашата клиника.

Цена

Пакетот вклучува: предапликативна подготовка; анестетски капки.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.900,00

ОЦТ

Оптичка кохерентна топографија на преден сегмент или заден сегмент.

1.900,00

Апликација на Bevacizumab инјекција

Апликација на Bevacizumab интрабулбарно. Цената се однесува на едно око.

12.500,00

Апликација на Bevacizumab инјекција

Апликација на Bevacizumab субконјуктивално. Цената се однесува на едно око.

8.300,00

Апликација на Aflibercept инекција

Апликација на Aflibercept интрабулбарно. Цената се однесува на една ампула.

56.000,00

Апликација за Brolucizumab инекција

Апликација на Brolucizumab интрабулбарно. Цената се однесува на една ампула.

56.000,00

Апликација на Faricimab инекција

Апликација на Faricimab интрабулбарно. Цената се однесува на една ампула.

60.000,00

Најчести прашања

Која е разликата меѓу инјекциите?

И двете инјекции ( Ејлеа и Авастин) се борат против создавање на ВЕГФ протеин кој предизвикува формирање на абнормални крвни садови со тенки ѕидови во задниот дел на окото кои не се функционални и предизвикуваат крварење.

Ејлеата е моќна, покоцентрирана инјекција со делотворно продолжено делување 5-6 недели. Авастинот делува од 25 дена до 1 месец.

Дали ќе биде доволно само една инјекција?

Се зависи од навремениот почеток на лекување. За жал, кај нас пациентите доаѓаат на преглед кога веќе имаат субјективни пречки во гледањето. Па, во одредени случаеви се потребни повеќе апликации.

Зошто мора да се примени анти-ВЕГФ третман?

Со спречување на создавањето на ВЕГФ протеинот, се спречува појава на нови крвни садови кои предизвикуваат крварење и едем, а со тоа се заштитува ретината и се сочувува видот.

Колку може да се подобри видот?

Подобрувањето на видот е индивидуално кај секој пациент, во зависност од навремено лекување и реакцијата на инјекцијата, но кај сите има позитивни резултати.

Што е ОЦТ?

Оптичка кохерентна томографија, која е неизнвазивна дијагностика која ни овозможува најсовремена снимка на структурата на задниот дел од окото (макулата и очниот нерв) што е особено важно за следење на состојбата на ретината, следење на состојбата на појава на крвните садови како и утврдување на потреба од дополнителна апликација на инјекција.

Зошто е потребно ОЦТ пред и после апликација на анти-ВЕГФ?

Поради можноста да се направи компарација на делување на инјекцијата пред и после третманот, со што се утврдува временскиот период за апликација на инјекцијата.