Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

 Со  монофокални интраокуларни леќи  се овозможува вид на едно растојание. Најчесто се овозможува вид на далеку, додека за блиску се носат очила со фиксна диоптрија.

Тие се имплантираат во вашето око со хируршка метода – се вади природната леќа и се заменува со монофокална интраокуларна леќа. Доколку имате катаракта, придобивката на овие леќи е тоа што со еден зафат ќе го решите проблемот со истата и диоптријата засекогаш.

Опис

Монофокалните леќи овозможуваат вид на едно растојание – на блиску или на далеку.

Различните дизајни на монофокални леќи кои се достапни како во светот така и во нашата болница, овозможуваат преку индивидуализиран пристап кон пациентот да се одбере оној дизајн кој најмногу одговара на навиките на пациентот.

Кандидати

Сите лица кои имаат над 30 години, здрави очи и немаат болести на ретина кои се во групата на  болести кои се контраиндикација за вградување на монофокалните леќи.

Монофокалните леќи се вградуваат со цел корекција на диоптрија и/или операција на катаракта. Овие леќи најчесто се користат при операција на катаракта како и при операција на глауком, витректомија и сл.

Монофокалните леќи се препорачуваат и кај лица кои не се кандидати за мултифокални леќи.

Монофокалните леќи не се препорачуваат кај лица кои поради некоја очна болест (напреден глауком, големи лузни на рожницата, хронични воспаленија на ретината) имаат значајно намален вид.

Преглед

Потребата од монофокална леќа може да се утврди и на супспецијалистички преглед.

Супспецијалистичкиот преглед е детален преглед и се состои од проверка на преден сегмент, како и определување на диоптрија (нова диоптрија, промена на диоптрија, проверка на скриен диоптер) и проверка на заден сегмент на окото (очно дно и очен нерв).

Доколку има потреба се прават дополнителни дијагностики како ОЦТ.

ОЦТ е оптичка кохерентна томографија –  се снима структурата на жолтата пега (макулата) и очниот нерв за да се открие дали има одредени недостатоци на таа структура, кои се невидливи при преглед со лупа.

Доколку имате дијагноза катаракта потребно е да се закаже преглед за катаракта.

Доколку сте заинтересирани за вградување на мултифокални леќи со кои се овозможува вид на сите растојанија. потребно е да се закаже преглед за мултифокални леќи.

Прегледот го врши тим од лекар офталмолог, оптометрист и медицинска сестра. Тимот е  обучен за да направи: соодветен детален преглед на окото, соодветни мерења на интраокуларната леќа и сите дијагностички испитувања потребни за да се открие постоење на некоја скриена очна болест, која би можела во иднина да влијае на квалитетот на видот.

Точното мерење и пресметување на диоптрија на интраокуларните леќи е многу важна за остар постоперативен вид, поради што го користиме најмодерниот компјутерски апарат „IOL Master“.

Предоперативна подготовка

Предоперативната подготовка за вградување на монофокалните леќи трае околу 20 минути. Пациентите со хронични болести,  во зависност од терапијата која што ја примаат, имаат посебни подготовки за кои се информирани на денот на закажување на операцијата.

Подготовката ја започнува медицинската сестра при што повторно се зема визус, тонус и се прави рефракциско мерење.

Потоа пациентот се префрла во предоперативниот блок и му се зема анамнеза. Се проверува крвен притисок и шеќер. Потоа во консултација со офталмологот доколку има потреба се прават дополнителни дијагностики и подготовката завршува со ширење на зеници.

Откако пациентот ќе биде целосно подготвен се внесува во операциона сала.

Тек на операција/интервенција

Пациентот легнува на оперативниот кревет, каде му се капат анестетски капки. Операцијата може да трае околу 20 минути.

Операцијата со вградување на монофокални леќи може да се направи и на двете очи во ист ден. Во текот на операцијата, пациентот е буден и разговара со офталмологот и не чувствува болка.

Поради напредната технологија и дизајн на интраокуларните леќи, операцијата кога е изведена од страна на искусни хирузи е успешна, сигурна, брза и безболна операција.

Постоперативна нега

Откако ќе заврши операцијата, пациентот се внесува во апартман.  Околу половина час по операцијата пациентот си оди дома (еднодневна хирургија) без преврски, освен на барање на пациентот.

Следниот ден е првата контрола по операцијата, додека следната контрола е за 7 дена и после месец дена.

На пациентот му се препишува терапија (антибиотски/кортикостериодни капки и маст) и е должен да ја користи согласно временскиот период назначен од офталмологот.

Кај повеќето пациенти веќе се забележува подобрување на видот уште следниот ден. Нормално е да чувствува непријатност на оперираното око, како повремено пецкање и гребење.  Окото може да биде црвено и да солзи, да се има чувство на маглење, појава на ореол, како и заматен вид и двојни слики. Сите овие симптоми се нормални и постепено ќе исчезнат.

Мерки на претпазливост

Ограничувањата по операцијата се привремени и не траат долго и секогаш се согласно препорака на офталмологот.

Во првите 3 дена по операцијата, треба да се избегнува миење на лице со обична вода и триење на окото и првиот месец да се избегнува потежок физички напор (како кревање на тешки предмети). Особено е важно редовно и правилно да се користи пропишаната терапија.

Најчесто спортските активности вообичаено се дозволени веќе по 2-3 недели по операцијата, во зависност од возраста на пациентот и интензитетот на вежбање.

Медицинскиот персонал е достaпен 24/7 за било каква консултација која е потребна по интервенцијата.

Цена

Пакетот вклучува:  интервенција со локална анестезија, предоперативна подговтовка, и две бесплатни контроли.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.900,00

ОЦТ

Оптичка кохерентна топографија на преден сегмент или заден сегмент.

1.900,00

Yag ласер капсулотомија

Третман на секундарна катаракта. Цената се однесува на едно око.

6.000,00

Имплантација на монофокална леќа (MA)

Mонофокална троделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

42.000,00

Имплантација на монофокална леќа (SA)

Mонофокална едноделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

61.000,00

Имплантација на монофокална леќа (SN)

Moнофокална асферична жолта интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

74.400,00

Имплантација на монофокална торична леќа

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.

92.500,00