Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

За време на енуклеацијата, хирурзите се трудат да ги остават непроменети екстраокуларните мускули и преостанатата орбитална содржина.

 Иако енуклеацијата резултира со губење на визуелната функција, процедурата се изведува за да се подобри квалитетот на животот на пациентот.

Опис

Енуклеација е операција при која се отстранува окото. Очните капаци, трепките, веѓите и околната кожа ќе останат такви какви што се.

Енуклеација е операција која се применува во краен случај односно кај пациенти кај кои окото повеќе претставува ризик по здравјето при болка во слепото или тешко повреденото око, да ублажат раст на тумор на око или инфекции кои не поминуваат.

Енуклеација се прави кај деца и возрасни.

Евисцерација за разлика од енуклеација, е постапка при која се вади содржина од окото при што склерата (белката) и очните мускули не се вадат. При операцијата се вградува имплант во отворот за да се задржи волуменот на орбитата и очните мускули да функционираат.

Целта на имплантот е да овозможи зараснување на отворот после што може да се користи протетичко око или вештачко око.

Индикации

Во следните случаи може да се примени енуклеација:

  •       Интраокуларен малигнитет или големо сомневање за интраокуларен малигнитет  (најчесто увеален меланом и ретинобластом)
  •       Траума/повреда на око која довела до слепило
  •       Слепо, болно око
  •       Тешка инфекција која довела до слепило
  •       Симпатична офталмија
  •       Микрофталмос

 Евисцерација се применува во случаите кога може да се избегне вадење на очното јаболко со енуклеација.

Во следните случаи може да се примени евисцерација:

  •       Ендофталмитис
  •       Окуларна траума
  •       Слепо и болно око

Детална евалуација мора да се направи за да се осигура дека не постои интраокуларен малиген тумор на окото кое треба да се оперира. Доколку не може да се утврди со сигурност дека не постои таков ризик, се применува енуклеација.

 

Преглед

Се прави детален офталмолошки субспецијалистички преглед на кој се гледаат сите сегменти на окото. Се прави ехографија на око со цел да се утврди постопење на интраокуларни туморски маси, крв, гној или останат флуид во внатрешноста на окото.

По завршениот преглед доколку се сомневаме на тумор, се препорачува да се направи МРИ на глава и орбити, и дополнителни иследувања со цел да се исклучат метастатски процеси во телото.

Предоперативна подготовка

Предоперативната подготовка трае околу 20 минути. Пациентите со хронични болести,  во зависност од терапијата која што ја примаат, имаат посебни подготовки за кои се информирани на денот на закажување на операцијата.

Подготовката ја започнува медицинската сестра, а потоа пациентот се префрла во предоперативниот блок и му се зема анамнеза. Се проверува крвен притисок и шеќер.

Оваа операција се изведува со општа анестезија поради што претходно се прави и анестезиолошки преглед.

Откако пациентот ќе биде целосно подготвен се внесува во операциона сала.

Тек на операција/интервенција

Енуклеацијата на окото се прави во операциона сала најчесто со општа анестезија, но во одредени случаи може да се користи локална анестезија.

Хирургот го отстранува очното јаболко преку една од трите главни хируршки техники за енуклеација. Потоа се става орбитален имплант длабоко во очниот отвор, при што се шијат екстраокуларни очни мускули на орбиталниот имплант. Потоа се става голем завој под притисок преку окото за да се спречи крварење, да се заштити раната и да се намали воспалението.

По заздравувањето се имплантира лушпеста протеза која се дизајнира согласно другото око за да изгледаат исти.

Операцијата за енуклеација трае околу час до час и половина.

Постоперативна нега

Откако ќе заврши операцијата, пациентот се внесува во апартман.  Околу половина час до час по операцијата пациентот си оди дома со завој што го покрива окото, кое е потребно да го одржува сув.

Следниот ден е првата контрола по операцијата, додека следната контрола е за 7 дена и после месец дена. 

 На пациентот му се препишува терапија и е должен да ја користи согласно временскиот период назначен од офталмологот. Исто така на пациентот му се објаснува како да го чисти окото дома.

Мерки на претпазливост

Ограничувањата по енуклеацијата секогаш се согласно препорака на хирургот.

Не се препорачува физичка активност две до четири недели по процедурата. Особено е важно редовно и правилно да се користи пропишаната терапија.

Не е невообичаено да се справите со крварење и модринки околу очниот отвор поради околните коскени структури. Обично нема многу болка или непријатност, а овие проблеми обично се решаваат по неколку дена.

Медицинскиот персонал е достaпен 24/7 за било каква консултација која е потребна по интервенцијата.

Цена

Пакетот вклучува: интервенција со локална анестезија, предоперативна подготовка и три контроли по интервенција.

Анестезиолошкиот преглед и општата анестезија се наплаќаат дополнително.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологијa.

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.900,00

Енуклеација

Цената се однесува на едно око.

54.000,00