Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Повреда на око може да настане секој ден: на работното место, удар со остар објект или во текот на спортските игри, како удар од топка или екстремитети од телото. Многу често и при вршење на домашните обврски, може да се случи дечињата да ве удрат несакајќи, да ви влезе струганица од дрво, да дојдете во допир со хемиски супстанции и слично.

Повредите може да бидат површински или длабоки – но во секој случај мора веднаш да се обратите кај офталмолог.

Вообичаени состојби поврзани со повреда на окото и окуларна траума се следниве:

Удар во окото

Ударот на окото со тврд предмет како што е тениско топче, камен или тупаница може да ги оштети очите, очните капаци и очните мускули, па дури и коските што го опкружуваат окото.

Ако повредата на окото е блага, очните капаци може да станат отечени и да се појави модринка. Доколку окото не е повредено, модринката поминува по неколку дена. Ако повредата е потешка, може да се појави крварење во внатрешноста на окото, како и појава на трауматска катаракта. Во некои случаи, може да има и зголемен очен притисок (хипертензија) и да доведе до оштетување на видот.

Во овој случај се прави операција – витректомија за да се спречи крварењето на окото. Важно е операцијата да биде извршена што побрзо, во рок од 24 часа и секое чекање резултира со полош исход по операцијата. Во Систина Офталмологија операцијата се прави од стручен тим на витреоретинални хирурзи и современа апаратура. Комплетно е безболна, се прави со локална анестезија и трае во просек околу еден час, после која пациентот може да си оди дома уште истиот ден. Доколку ова е проследено со појава на трауматска катаракта, истата се оперира со тоа што се заменува природната заматена леќа со нова, за пациентот да добие јасен вид.

Ако ударот на окото е доволно силен, може да доведе до кршење на коските  што го опкружуваат окото. Понекогаш, очните мускули се заглавени во скршената коска и треба да бидат ослободени со операција.

Симптоми:

  • Двојна слика;
  • Губење на видот;
  • Крв на површината на очното јаболко;
  • Неможност за движење на окото;
  • Тешки и/или долготрајни главоболки;
  • Несвестица;
  • Крварење од ушите или носот.

Посекотина или гребаница

Гребнатинки на рожницата може да настанат заради навлегување на прашина, метални честички, дрво, песок, нокти, животински канџи, агресивно триење на окото и слично. Контактните леќи, исто така можат да ја оштетат или иритираат рожницата.

Симптоми:

  • Заматен вид;
  • Чувствителност на светлина;
  • Болка;
  • Црвенило;
  • Солзење.

Кај малите гребнатинки најчесто третманот го препишува доктор офталмолог. Подлабоките повреди пак, можат да предизвикаат долгорочни проблеми со видот.

Страно тело во окото

Страно тело во окото се однесува на секоја супстанца која не припаѓа на окото, како што се песок, трн, стакло или шпонче. Ако страното тело навлезе во око, голема е веројатноста да настане инфекција или да се оштети рожницата, што доведува до оштетување на видот.

Симптоми:

  • Чувство на притисок или непријатност;
  • Болка во окото;
  • Зголемено солзење;
  • Болка кога гледате во извор на светлина;
  • Прекумерно трепкање;
  • Црвенило или крвави очи.

Хемикалии во око

Застрашувачко може да биде и неочекуваното прскање на очите со течности што не се чисти. Некои супстанции горат или создаваат болка, но се безопасни на долг рок, додека други можат да предизвикаат сериозни повреди на окото, па дури и губење на видот.

Сепак, основниот состав на хемикалијата влијае на тежината на повредата:

  • Киселина: Најчесто, киселините можат да предизвикаат значително црвенило и горење, но тие можат лесно да се исперат. Важно е да се реагира веднаш.
  • Алкални агенси: Есенцијалните супстанции или хемикалии се многу посериозни, но тие не предизвикуваат толку силна болка во окото или црвенило, како што е случајот со киселината. Некои примери на алкални супстанции се средства за чистење на кујна, средства за чистење тоалети, лак за коса, па дури и прашина од креда.

Субконјуктивално крварење

Оваа повреда изгледа полошо отколку што е навистина. Субконјуктивалното крварење е всушност пукнат капилар во око, кое е видливо на белката на окото. Може да пукне само еден или повеќе капилари одеднаш.

Субкојуктивалното крварење е многу честа појава и може да се случи дури и од мали повреди на окото. Ова крварење е безболно и не предизвикува привремено или трајно губење на видот. Не е потребен третман. Во текот на неколку недели, крвта ќе се расчисти и окото ќе се врати во нормална состојба. Сепак за секој случај паметно е да посетите офталмолог за да ја потврди дијагнозата и ве увери дека сѐ ќе биде во ред.

Најважно од сѐ е за да спречите повреда на очите да носите заштитни очила кога работите со алати, косите трева или сте опкружени со хемикалии. Доколку настане некоја повреда, не чекајте и веднаш обратете се на офталмолог за понатамошен и навремен третман.