Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

Доколку не сте во можност да дојдете на преглед, а ви е потребна консултација за вашата очна состојба, нашите офталмолози ви се достапни преку услугата „Онлајн консултација со доктор“.

D-r-Zlatko-Arnaudovski

Драги наши пациенти,

Ви се обраќам повторно, да ве информирам дека и покрај силните предизвици со кои сите се соочуваме, нашата болница опстојува и останува отворена да обезбеди медицинска грижа за подобро здравје на вашите очи. Уште од самиот почеток на коронавирусот целиот наш тим е тука за вас. Нашиот тим на доктори и медицински персонал заедно со Patient Experience Office (Центар за искуство на пациенти) во соработка со колегите од другите центри, продолжува да биде безрезервно посветен да одговори на вашите потреби (во болницата и онлајн) истовремено следејќи ги препораките на Владата и надлежните институции.

Како и на самиот почеток на кризата така и сега кога имаме повеќе знаење и искуство со вирусот, продолжуваме со успешна и сигурна примена без исклучок на највисоките стандарди за безбедност и заштита во работењето, како за нашите пациенти така и за нашите вработени. Со посебна грижа за човечките потреби и хуман пристап, во ова тешко време, успеавме да го оддржиме нашиот медицински и административен персонал здрав и функционален, а на пациентите да им пружиме навремена медицинска нега во време кога најмногу им е потребно.

Погледнете го видеото од кое може да се види како изгледа применувањето на безбедносните мерки во нашата болница.

Дополнително, заради новите трендови на безбедна комуникација кои ги наметна корона кризата, нашата болница креираше повеќе информативни содржини и разви иновативни дигитални решенија како што се онлајн консултација и електронска наплата, и така помогна на сите оние кои не сакаат или неможат лично да дојдат а имаат потреба од очен доктор.

Тука сме да ја оправдаме вашата доверба и во ова кризно време.

Да продолжиме да ги почитуваме мерките на заштита и така заедно да си помогнеме да го сочуваме нашето здравје.

Останете позитивни и чувајте се,
Д-р Златко Арнаудовски
Медицински директор на „Систина Офталмологија“

sestra-snezhe-sist-oft2-e1606126087685-459x500

И медицинскиот персонал и пациентите, мора да ги почитуваат безбедносните мерки, и тоа без исклучок!

„Годинава работиме во многу поинакви услови. Ние како болница отсекогаш сме ги почитувале и применувале сите потрeбни протокoли на највисоко можно ниво со што континуирано обезбедуваме заштита на вработените и пациентите. Сега тоа се засили уште повеќе и е наш приоритет. Во услови на пандемија, ситуациите се менуваат, некогаш и од ден во ден. Ситуацијата се прати во секој момент за да може да одговориме соодветно. Во тие моменти брзата реакција и соодветна промена и примена на безбедносните протоколи се најважни.” – вели Снежана Ујевиќ, главната медицинска сестра во Систина Офталмологија, член на кризниот штаб на болницата.

„Oд самиот почеток на кризата болницата го надгради својот систем за работа, воведувајќи нова организација и строги здравствени протоколи согласно највисоките стандарди за безбедност и заштита. Овие наши пракси кои добија и меѓународна потврда, континуирано се следат и адаптираат на новите услови. Се почитуваат сите препораки на Министерството за здравство и СЗО. Од самиот влез во болницата, па се до операционата сала постојат протоколи и чекори кои се следат со цел максимална заштита. Од спроведување епидемиолошка анкета, мерење на температура, носење заштитна маска, темелна дезинфекција на рацете, па се до одржување физичка дистанца од два метри и сведување на минимум движење на пациенти и придружба низ болницата. Се ова е направено за да се направи безбедна средина за сите со минимален ризик од инфекција. Вработените се со максимална заштита, а просториите како што се чекалните и ординациите се чистат и дезинфицираат согласно договорената динамика. Во нашата болница има централна вентилација, хепа филтри, дополнително се користат и UV ламби, се со цел да се намалат ризиците по здравјето на пациентот и персоналот.”

Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.

Искуства на пациенти за време на COVID-19

“Знаев дека мојот избор ќе биде Систина Офталмологија” – Дарија Драгшиќ

“Знаев дека мојот избор ќе биде Систина Офталмологија”

„По отстранувањето на силиконот, гледам сосем чисто и многу сум задоволен.“ – Јетон Селмани

„По отстранувањето на силиконот, гледам сосем чисто и многу сум задоволен.“

Ефектот на корона вирусот врз очите

Овој вирус, покажаа истражувањата, дека е многу чувствителен на дезифициенците кои се користат за дезинфекција на офталмолошките инструменти и мебел во очната клиника така што дезинфекција во нашата установа се врши пред и после средба со секој пациент.

Што имаат заедничко дехидратацијата и здравствените работници во време на КОВИД-19?

Голем број на здравствени работници, за време на оваа пандемија и по враќањето на нормалниот тек на работа, истакнуваат симптоми на дехидрираност.

Препораки за носење контактни леќи и очила за време на пандемија Kовид-19

Препорачуваме одредени мерки на претпазливост кои што треба да ги спроведува секој кој што ги носи контактните леќи во периодот на пандемијата.