Дарија Драгшиќ (30 години) е медицинска сестра која моментално работи во Лондон. Поради Ковид ситуацијата, работата на Дарија била сведена на целодневна работа пред компјутери со пациенти. Очилата и претставувале голем проблем од кој сакала да се реши побрзо. Дарија првиот преглед за ласерска корекција на диоптрија го направила во Лондон. Резултатот и покажал дека е совршен кандидат за ласерска корекција на диоптрија. Но, не се чувствувала дека Лондон е правиот избор за неа. Мајка и и ја препорачала Систина Офталмологија како најбезбеден избор за правење ласерска корекција на диоптрија. Со првиот чекор во Систина Офталмологија, сфатила дека го направила вистинскиот избор.

“Имав огромен страв како ќе резултира целата интервенција врз мојот организам, поради тоа што имам епилепсија и не знаев што да очекувам. Сепак во прашање се моите очи. Но, медицинскиот персонал од Систина Офталмологија ми ги тргна сите стравови кои ги имав почувствувано и сите сомнежи, за само еден ден. Докторката Билјана и Вида беа достапни за мене низ целиот процес.

За време на прегледот и операцијата ниту еднаш не бев оставена сама, постојано имаше некој со мене и ми објаснуваше детално за прегледот. За време на операција докторите постојано разговараа со мене за да не почувствувам страв. Додека легнав, интервенцијата беше завршена. Среќата што ја почувствував по интервенцијата беше неопислива. Можев дури да забележам ситен предмет кој се наоѓаше на самото ритче спроти Систина Офталмологија.

Светот го гледав со други очи. Довербата што ја имав кон Систина Офтамологија беше оправдана. Како медицинска сестра во Лондон можам да кажам дека овој пријателски однос, детално објаснување и постојана придружба од медицински персонал, го нема во Лондон. Поради тоа сакам да се заблагодарам на Систина Офталмологија што ми подарија нов вид

Во продолжение погледнете го видеото и слушнете го сведоштвото на Дарија од нејзина перспектива.