Задржете ја маската, тргнете ги очилата!

Ласерската корекција на диоптрија е метода која се користи во светот веќе 28 години преку која на брз, безболен и безбеден начин трајно се симнува диоптријата. Станува збор за една од најмодерните интервенции на денешницата со која се корегира диоптрија и цилиндер (астигматизам).

Гаранција за успех

Гаранција за успешноста на интервенцијата е деталниот преглед за ласерска корекција на диоптрија.  Многу често знаеме да кажеме дека прегледот за ласерската корекција на диоптрија е еден вид систематски преглед на вашето око бидејќи се анализира секој дел од окото.

Прегледот временски трае од час до час и половина и се состои од:

  • Пополнување на прашалник за вашата општа здравствена состојба;
  • Задолжително читање на општите информации за ласерска интервенција;
  • Проверка на диоптрија, видна острина и очен притисок;
  • Снимање со пентакам (се прави 3Д анализа на окото и служи за воочување на одредени аномалии на окото за кои се уште се немаат пројавено симптоми);
  • Ширење на зеници со капки за проверка на очно дно и објективна диоптрија.
  • Разговор со тимот за сѐ што ве интересира.

Пред самиот преглед, многу е важно да мирувате од носење на контакни леќи извесен период за да „се одмори“ рожницата на окото од леќите. Да се манифестира реалниот цилиндер односно формата на рожницата без притисокот од леќата.

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.

4.270,00

2.135,00

*Акцијата трае до 30.04.2021 г.

Собирајте поени и добивајте попусти!

Станете член на нашиот клуб на лојалност „Код на доверба“.

Како се одвива интервенцијата?

Самата интервенција трае само 5 минути од око, додека преоперативната подготовка трае околу 20 минути. Таа е комплетно безболна – се става локална анестезија во вид на капки и не чувствувате болка. Вие сте будни и разговарате со офталмологот.

Ласерската корекција на диоптрија е комплетно безбедна метода – ласерот не може да го изгори окото ниту делот до окото бидејќи има вграден следач на движењето на окото кој сам се гаси. Периодот на адаптација (закрепнување) е од 3 до 7 дена.

По интервенцијата си одите дома само со очила за сонце. Звучи едноставно и невистинито?  Погледнете ја интервенцијата на Огнен Јанески која беше пренесена во живо.

Што да очекувате по интервенцијата?

Следниот ден е првата контрола, додека после неколку дена ви е следната задолжителна контрола.

Нормални реакции по интервенцијата се малку заматен вид, пецкање, чувство на песок и чешање. Овие симптоми за краток период исчезнуваат, а капките кои ќе ги ставате помагаат во влажнење на окото и намалување на споменатите симптоми.

Ограничувањата по оперативниот зафат се привремени, не траат долго. Спортските активности воглавно се дозволени веќе по втората недела, а шминкањето по третата. Исто така, достaпни сме ви 24/7 за било каква консултација која ви е потребна по интервенцијата.

Ласерска корекција на диоптрија – ЛАСИК

Цената се однесува на едно око.

31.000,00

24.800,00

Ласерска корекција на диоптрија – ПРК

Цената се однесува на едно око.

39.980,00

24.800,00

*Акцијата трае до 30.04.2021 г.

Искуства на пациенти

Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.

Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом  да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.

Искористете го тековниот попуст и тргнете ги очилата со ласерската корекција на диоптрија!

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.

4.270,00

2.135,00

Ласерска корекција на диоптрија – ЛАСИК

Цената се однесува на едно око.

31.000,00

24.800,00

Ласерска корекција на диоптрија – ПРК

Цената се однесува на едно око.

39.980,00

24.800,00

*Акцијата трае до 30.04.2021 г.