Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Опис

Ехографија на око е ултразвучна дијагностика со која се проверува внатрешноста на окото. Исто така се мери и должината на окото и се анализира структурата на окото.

Должината на окото е важен параметар кај мерењата за имплантација на интраокуларна леќа – биометрија. Оваа вредност е стабилна (окото не расте кај возрасни луѓе) и преку мерење на неговата должина и закривеноста на предниот дел од окото се прават прецизни и траји пресметки за имплантација на интраокуларна леќа.

Дијагнози

Ехографија на око е главна дијагностичка метода кога внатрешноста на окото е непровидна. Ако имате зрела катаракта, крварење во окото или заматена рожница, преку ехографија можат да се анализираат структурите внатре во окото. На тој начин може да се дијагностицира:

  • Тумори или неоплазми во окото;
  • Страно тело во око;
  • Одлепување на ретина или на стаклесто тело;
  • Повреди со пропадната леќа во окото.

Офталмологот може да препорача и прецизно мерење на димензиите  на туморото во окото со цел да одреди тераписки можности.

Процедура

Посебни подготовки не се потребни пред самата процедура. Се прави во лежечка позиција со затворени очи.

Најпрво, се анестезира окото со анестетски капки. Вашето око е затворено, се мачка гел и сондата се поставува врз очните капаци. Офталмологот нежно поминува со ултразвучната сонда.

Ултразвукот користи високофреквентни звучни бранови кои „патуваат“ низ окото. Рефлексиите на звучните бранови формираат слика за структурата на окото. Тестот трае околу 15 минути.

За време на процедурата не се прошируваат зеници, но вашиот вид може да биде заматен за време на тестот. По завршување на дијагностичкото испитување, не треба да ги чешате вашите очи додека не заврши дејството од анестетските капки. 

Не се изведува

Нема ограничувања. Кај секое лице може да се изведе ехографија.

Зрачење

Ехографија на око е снимање без зрачење.

Цена

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

Ехографија

Независно дали се прави на едно или двете очи.

1.500,00