Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Во некои случаи, пациентите со нарушена работа на тироидната жлезда имаат проблем со очите. Пациентот може да има проблем со двојна (дупла) слика поради промени во мускулите што го движат едното око, па окото не е во состојба да го следи другото при гледањето.

Болеста на очите на тироидната жлезда може да предизвика оштетување на ткивата на окото.

Опис

Промените на окото се должат на прибирањето антитела во структурата на окото, првенствено во мускулите и масното ткиво во задниот дел, што доведува до туркање на окото нанадвор. Промените во мускулите доведуваат до нарушување на движењето на окото, што предизвикува создавање двојна слика.

Освен субјективните пречки што ги предизвикува болеста, последователно предизвикува и промени на очите.

Најтипична промена е „испакнати“ очи, која освен што влијае врз естетскиот изглед на пациентот, може да остави и трајни последици на површината на самото око, бидејќи окото се суши поради не можноста за нормално трепкање и затворање.

Симптоми

Симптомите вообичаено се појавуваат на двете очи, но понекогаш може да забележите симптоми само на едното око како:

  • Суви очи
  • Иритирани очи поради чувство на песок
  • Насолзени очи
  • Црвени очи
  • Испакнати очи, исто така наречени проптоза
  • Двоен вид, исто така наречен диплопија
  • Тешкотии целосно да ги затворите очите. Ова може да доведе до ерозија на вашата рожница
  • Болка зад очите и болка при движење на очите

Кандидати

Ендокрина орбитопатија најчесто се појавува кај жени отколку кај мажи. Најчесто лицата кои имаат во семејство ваков проблем, може да го наследат како и доколку имаат ниски нивоа на селен во крвта.

Преглед

 Се прави офталмолошки преглед за да се провери состојбата на очите, капаците и видот.

По потреба може да се направат и дополнителни дијагностички испитувања како ехографија на окото.

Третман

Со задолжително интернистичко лекување на тироидната жлезда, често е потребно и дополнително офталмолошко лекување.

Интервенции

Кога не е можно да се подобри состојбата со лекови и со ботокс, може да се извршат следните операции:

 

  • Операција на очните капаци (блефаропластика): тесните очни капаци го спречуваат горниот очен капак да се спушти и долниот капак да не се крене. Ова може да доведе до оштетување на рожницата. Операцијата на очните капаци може да го олесни одржувањето на вашата рожница покриена.
  • Операција на очните мускули (страбизам): може да препорача операција за придвижување на мускулите на очите, како последица од губење на еластичноста на мускулите и да помогне да се поправи двојниот вид.
  • Операција за декомпресија на орбитата: Оваа операција го ублажува притисокот врз оптичкиот нерв со тоа што го зголемува очниот отвор или го одзема вишокот ткиво. Операцијата го намалува испакнувањето на окото. Доколку се препорача правење на операција на очни капаци или очни мускули, обично прво се прави орбитална декомпресија.

Цена

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологијa.

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.

1.400,00

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.900,00

Операција на очните капаци (блефаропластика)

Цената се однесува на едно око.

35.500,00

Операција на очните мускули (страбизам)

Цената е иста, независно дали е на едно или двете очи.

86.500,00