Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Отстранувањето на јачмен со хирушка интервенција се применува кога јачменот не се смирува природно.

Јачмен е воспаление на лојните жлезди на горниот или долниот очен капак. Се појавува во форма на болен израсток на рабовите од капакот на окото, кој прирoдно се создава и може да трае 7 до 10 дена.

Опис

Причина за нивна појава најчесто е бактериска инфекција. Јачменот може да се појави на надворешна страна при што е видлив  и на внатрешна страна на капакот кој најчесто се забележува при допир.

Постојат два вида на јачмен:

  • Aкутен облик
  • Хроничен облик на јачмен

Двата вида се воспаление на лојните жлезди на работ на очните капаци, кое може да се појави како акутно воспаление со црвенило, оток и болка на капакот со гнојна содржина  или како хронична промена со помали болки и карактеристичниот израсток кој го нарекуваме халазион.

  • Причини за појава

Допирање или чешање на очите е најчестиот начин да се пренесе бактеријата. Некои фактори кои го зголемуваат ризикот да навлезе бактеријата во окото вклучуваат:

  • често чешање на очите поради алергија;
  • воспаление на очниот капак (блефаритис);
  • користејќи контаминирана маскара или гел за очи
  • спиење со шминка
  • кожни состојби, како што се розацеа и себореичен дерматитис;
  • некои медицински состојби, како дијабетес;
  • нешто што ве прави поголеми шанси да го триете окото, како на пример, да не спиете доволно и сл.

Јачменот не е заразен, но бактеријата која го предизвикува може лесно да се пренесе преку инфицирана шминка. Поради тоа не се препорачува да користите туѓа шминка, особено маскара или моливче за очи.

  • Симптоми

Знаци за појава на јачмен се:

  • црвенило,
  • чувствителност,
  • оток на местото каде тој ќе се формира;
  • отекување на очниот капак;
  • жолтеникав слуз;
  • фотофобија (чувствителност на светлина) и сл.

Се појавува топче кое е болно, црвено и е видливо на око или се чувствува при допир.

Кандидати

Може да се појави кај луѓе од сите возрасти. Подеднакво се појавува и кај машката популација и женската популација, но почесто се појавува кај лица со дијабетес.

Исто така, се појавува кај жените како последица на не одржување хигиена на очните капаци односно не редовно отстранување на шминка од очните капаци преку ноќ.

Преглед

Најчесто јачменот се смирува без третман. Сепак во одредени случаи пожелно е да се направи преглед кај офталмолог, ако:

  • јачменот не се смирува после 10 дена;
  • брзо расте;
  • од израстокот се излива многу крв;
  • отокот е поголем од вообичаен јачмен.

Прегледот е општ офталмолошки преглед каде што се гледаат детално очните капаци и самиот јачмен.  Доколку нашите офталмолози одлучат дека е потребно отстранување на јачменот, се прави хируршка интервенција.

Подготовка пред третман

Нема посебна подготовка пред самиот третман.

Тек на третман

Во операциона сала, пациентот е удобно сместен на мек кревет.

Медицинската сестра ја дезинфицира кожата околу очите. Интервенцијата трае 5-10 минути. Пациентот лежи на кревет и е буден во текот на интервенцијата и комуницира со офталмохирургот.

Очниот капак се анаестезира, па постапката е целосно безболна и брза.  Кај возрасни лица се прави со локална анестезија, додека кај деца се прави со генерална анестезија.

Се локализира јачменот со специјален инструмент и се прави инцизија. Потоа се дренира, се вади капсулата на јачменот и со компресија се собира крвта.

Операцијата се изведува од внатрешната страна на очниот капак, за да не остане лузна.

Пациентот добива и писмени насоки за ограничувањата и постоперативната нега по кратката интервенција.

Постоперативна нега

Ограничувањата по интервенцијата се привремени и не траат долго и секогаш се согласно препорака на офталмохирургот.

По интервенцијата на пациентот му се става стерилен туфер преку окото. Пациентот добива постоперативна терапија која е составена од капки или масти и му се објаснува како се користат.

Медицинскиот персонал е достaпен 24/7 за било каква консултација која е потребна по интервенцијата.

Мерки на претпазливост

Пациентот треба да избегнува прав, ветер и престој во задимени простории.

Веднаш по интервенцијата, пациентот треба да се воздржи од триење или чешање на окото; туширање односно допир на местото со вода; пливање.

Пациентите не треба да носат контактни леќи една недела по интервенцијата.

Местото на окото каде се наоѓал јачменот треба да заздрави за околу 7 до 10 дена. Но, се препорачува да избегнувате какви било активности најмалку 2 недели со кои можете потенцијално да го повредите окото.

Контактирајте го вашиот офталмолог доколку:

  • имате црвенило или оток кој не поминува подолг период;
  • рана;
  • жолт исцедок (светол, малку крвав исцедок е нормално)
  • зголемена болка или болка која не поминува ниту со лекови;
  • промени во видот освен провремен заматен вид;
  • зголемена температура (38 °C).

Цена

Пакетот вклучува:  интервенција со локална анестезија/генерална анестезија кај деца.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.

1.400,00

Отстранување на јачмен

9.800,00