Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Птеригиумот е бениген израсток, дупликатура (хипертофија) на конјунктивата врз рожницата која што личи на крилце и започнува од белката и се шири кон рожницата. Птеригиумот е познат и како и надворешно перде.

Опис

 Основната разлика меѓу катаракта и надворешно перде е тоа што катарактата се појавува на природната леќа, внатре во окото, додека птеригиумот се појавува на површината на рожницата.

Птеригиумот бавно се развива и поради тоа се следи состојбата на пациентот и се одредува негово третирање. Сепак, како што се шири перигиумот кон рожницата почнува да предизвикува пречки во видот, заматување и неправилна искривеност на сликата односно неправилен астигматизам.

Во одредени случаи, пред појава на птеригиум може да немате симптоми. Откако ќе се развијат симптомите, тие варираат од поблаги до посериозни.

 

Поблаги симптоми на птеригиум:

  • Лесно подигнат розов израсток на вашето око најчесто во медијален дел на булбарна конјутива на 3 часот (околу роговицата) 
  • Црвени, иритирани или отечени очи
  • Суви очи, чувство на чешање или печење на очите
  • Чувство на песок или ронки во очите
  • Солзави очи

 

Посериозни симптоми на птеригиум:

  •     Зголемување во големина и ширење на лезијата.
  •     Непријатен изглед на вашето око поради големината на лезијата.
  •     Заматен или двоен вид ( ако птеригиумот се развие кон центарот на роговицата)

 

За да се избегне појава на птеригиумот, потребно е да се носат наочари за сонце со 100% УВ заштита. Исто така, може да помогне и шешир или капа со широк раб, така што дополнително ќе се заштитите од ветер и прашина.

Кандидати

Обично се развива некаде по 30-та година, лица со светол тен и очи се од повисок ризик. Оваа состојба се јавува кај лица кои се долготрајно изложени на сонце како земјоделци, рибари, сурфери, морнари и сл. Тука се исто така влезени во висок ризик и скијачите и сите оние кои што се почесто изложени на снег и сонце.

Покрај ултравиолетовото зрачење, влијание имаат и ветерот и прашината, а многу е честа и кај пациенти со суво око.

Преглед

Се прави основен офталмолошки преглед и со лупа се проверува изледот на регијата и должината, врз основа на што се утврдува понатамошниот третман.

 

Дијагностички испитувања во склоп на прегледот

По потреба се прават дополнителни дијагностички испитувања како:

Пентакам: со оваа дијагностика се креира 3Д мапа од површината на вашата рожница доколку постои сомнеж за астигматизам кој е предизвикан од птеригиумот. Оваа дијагностика се прави на двете очи.  

Предоперативна подготовка

Пациентите со хронични болести, во зависност од терапијата која што ја примаат, имаат посебни подготовки за кои се информирани на денот на закажување на интервенцијата.

Пациентот се префрла во предоперативниот блок и му се зема анамнеза. Се проверува крвен притисок и шеќер. Потоа во консултација со офталмологот доколку има потреба се прават дополнителни дијагностики

Откако пациентот ќе биде целосно подготвен се внесува во операциона сала.

Тек на операција/интервенција

 Лекувањето зависи  од неговата форма и големина. Кога е помал даваме вештачки солзи и лубриканти, а понекогаш и благи стеродни капки за да го намалиме црвенилото и печењето.

Во потешките случаи птеригиумот се лекува хируршки. Со оглед дека е можна појава на рецидив (повторно јавување по операцијата), правиме операција со автотрансплантат на конјуктивата. 

Пациентот се сместува на операциониот стол каде му се капат анестетски капки. . Потоа хирургот внимателно го отстранува птеригиумот од вашето око.

  Се сече дупликатурата на конјунтивата, и се става автотрансплантат кој се зема од истото око од конјунктивата и се шие или лепи за нормалната околна конјунтива. Во текот на операцијата, пациентот е буден и разговара со хирургот и не чувствува болка.

Интервенцијата се одвива отприлика 30 минути.

Постоперативна нега

Следниот ден е првата контрола по операцијата, додека следната контрола е за 7 дена и после месец дена.

На пациентот му се препишува терапија и е должен да ја користи согласно временскиот период назначен од офталмологот.

Нормално е да сте чувствителни на светлина и одблесоци, и може да носите очила за да ги олесните симптомите. Чувство на иритација и гребење, како и промена на вид е исто така нормално по интервенцијата кои со тек на време ќе исчезнат.

Мерки на претпазливост

Ограничувањата по операцијата се привремени и не траат долго и секогаш се согласно препорака на хирургот.

По интервенцијата, може да се бањате притоа да внимавате да не ви влезе шампон или вода во окото до 3 недели по интервенцијата.

Најчесто спортските активности вообичаено се дозволени веќе по 2-3 недели по операцијата, во зависност од возраста на пациентот и интензитетот на вежбање.

Медицинскиот персонал е достaпен 24/7 за било каква консултација која е потребна по операцијата.

Цена

Пакетот вклучува: интервенција со локална анестезија, предоперативна подготовка и три контроли по интервенција.

Анестезиолошкиот преглед и општата анестезија се наплаќаат дополнително.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологијa.

Основен офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.

1.400,00

Пентакам

Дијагностика за анализа на рожница.

3.100,00

Отстранување на птеригиум (надворешно перде)

Цената се однесува на едно око.

18.000,00