Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Крослинкинг (cross linking) е метода со која се третира очната состојба кератоконус.

Кератоконус е најчеста дегенеративна промена на рожницата која добива конусен облик.

Заболува околу едно лице на две илјади луѓе, и тоа почесто мажи отколку жени. Болеста се појавува во сите популации низ целиот свет, иако почесто е застапена кај некои етнички групи.

Опис

Кератоконусот се манифестира со истенчување и испакнување на рожницата во вид на конус. Како последица на ова испакнување, светлината неправилно се прекршува кога влегува во окото поради што се случува и изобличување на сликата кое тешко се коригира со стандардни сферни или цилиндрични стакла.

Причината за појава е мултифакторијална. Генетски предиспонирана рожница или сосема здрава рожница може да добие кератоконус, ако е изложена на одредени фактори од средината што би го поттикнале тоа (тригери). Фактори поттикнувачи се силното чешање на очите (механичко триење на рожницата), чести алергии, воспаленија, иритации од средината.

Новите истражувања даваат особено значење на хормоните во развојот на кератоконусот. Така, кортизолот (стрес хормон) се смета за еден од главните тригери во современото живеење. Исто така, балансот на естрогени и прогестерон во текот на бременоста може да предизвика брз напредок на болеста.

Симптоми

Првичните симптоми се:

  • Отежнато фокусирање навечер;
  • Расејување на светлината околу светлосен извор во вид на халоа или ѕвезди;
  • На дневна светлина, пак, се јавува фотосензитивност или пречувствителност.
  • На прегледите кај офталмолог може да се забележи брзиот раст на диоптријата и цилиндерот или промена на оската на цилиндерот. Оние што носат контактни леќи стануваат преосетливи на леќите, а понатаму ниту со какво било помагало (очила или леќи) не постигнуваат добар вид.

Во многу напреден стадиум на болеста, кога рожницата премногу ќе се истенчи, во неа може да се појават мали пукнатини, поради што се јавува и болка во очите и нагло заматување на видот.

Кандидати

Кандидати за крослинкинг методата се следните лица:

  • Секој пациент на возраст под 25 години кај кој ќе дијагностицираме кератоконус.
  • Секој пациент над 25 години, со дијагностициран кератоконус, кај кој на две последователни Пентаками во интервал од 1 година имаме евидентирана прогресија на болеста.
  • Секој пациент над 25 години со дијагностициран кератоконус, кој субјективно јавува брзо намалување на видот или од медицинската документација се гледа раст на диоптерот и намалување на видната острина во последната година.

Оние пациенти со напреднат стадиум на кератоконус, кои не може да носат леќи и видната острина им е под 30%, со изразено истанчување на рожницата, се кандидати за оперативен зафат на рожницата. Кај младите под 30 години се врши веднаш!

Ако дојде до декомпензација на рожницата и ако таа неповратно ја изгуби својата проѕирност, тогаш трансплантација на рожницата е единствениот метод за избор на овие пациенти.

Преглед

Се прави супспецијалистички преглед за проверка на состојбата на видот кој се состои од: рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок односно целокупен преглед на преден сегмент на очите.

Потоа се прави анализа со Пентакам – компјутеризирана корнеална топографија. Оваа дијагностика се користи за дигитален приказ на релјефот на рожницата со математички модели кои покажуваат дали постојат одредени аномалии.

Следењето на развивањето на состојба се прави со ОЦТ – оптичка кохерентна томографија и  повторно Пентакам анализа.

Тек на операција/интервенција

  • Доколку пациентот е кандидат за оперативен третман на кератоконусот се применува cross linking методот.

Крослинкинг метода (corneal collagen cross-linking или CXL) е интервенција на окото, која се врши со цел да се сопре или да се забави понатамошната прогресија на болеста.

Методата се одвива на следниот начин:

  1. Се отстранува епителот (надворешниот заштитен слој на рожницата);
  2. Рибофлавин (витамин Б2) се капнува на рожницата додека да се наполни целата (како сунѓер);
  3. Со ултравиолетово зрачење се зрачи рожницата додека да се активира рибофлавинот во неа.

Самата метода трае од 60 до 90 минути, се изведува по прецизно одреден протокол (Дрезденски протокол) за најдобри резултати.

Самата метода не е опасен за видот или за окото, може да се изведува и повеќе пати, но најчесто е потребен само еден крослинкинг (cross linking) во животот зашто неговите ефекти траат околу 20 години.

Лицата на кои им се препорачува крослинкинг (cross linking) се пациенти со кератоконус, чија дебелина на рожницата не е под 390 микрони, пациенти чија рожница е бистра и без лузни, чии вредности на корнеалните меридијани имаат најмногу 58 диоптрија, а видната острина со очила им изнесува 0,9 или пониско.

Она што најмногу ги интересира лицата со кератоконус е дали може и кога може да гледаат добро. Третманот на кератоконус е бавен и потребно е трпение. На крајот, откако сме постигнале цврста и зарамнета рожница со крослинкинг (cross linking) методата и откако сме ја утврдиле стабилноста на болеста, може да пристапиме кон корекција.

Пациентот си оди дома веднаш по завршување на интервенцијата.

  • Конзервативно лекување со носење на очила и леќи се препорачува кај повозрасни лица со стабилен кератоконус или кај млади лица 4-6 месеци по извршениот крослинкинг (cross linking). Контактните леќи и очила, не ја сопираат прогресијата на кератоконусот, ниту ја зајакнуваат рожницата, туку овозможуваат подобар вид, преку корекција на самата диоптрија.

Постоперативна нега

Во првите 3 до 5 дена пациентот може да чувствува болка и неудобност.

По интервенцијата, пациентите носат меки контактни леќи неколку дена, додека се обнови површинскиот слој на окото (епителот).

Како терапија користат топичен (капки во око) антибиотик и антиинфламаторни капки околу 6 недели кои се препишани од офталмологот. Контролите се вршат на две недели поради мерење на интраокуларниот притисок и преглед на рожницата, зараснувањето, како и рибофлавинот во неа.

Ефектите од крослинкингот (cross linking) во однос на зацврстувањето и зарамнувањето на рожницата се појавуваат постепено, од денот на интервенцијата, во следните 6-8 месеци, па и една година по зафатот. На денот на интервенцијата само се активира рибофлавинот (фотоактивна супстанција) што потоа со месеци создава хемиски цврсти врски во самата структура на рожницата. Затоа контролните пентаками се прават неколку месеци по зафатот.

Мерки на претпазливост

Во првиот потсоперативен период, додека во окото се уште има терапевска мека контактна леќа, не смее да го мие лицето со вода и мора особено да внимава на хигиена.

Потребно е пациентот да мирува од било какви обврски околу една недела. Особено ќе биде чувствителен на дневна светлина поради што е особено важно да одмара и да се воздржи од било какви дополнителни активности и да носи заштитни очила.

  • ROSE K леќи

ROSE K се специјални леќи наменети за пациенти кои имаат рожница со кератоконус. Со нив може да постигнеме одлична видна острина и кај лицата со напреден кератоконус, па на тој начин самата болест да не биде пречка дури ни во вршењето одредени специфични професии што бараат прецизно гледање (шофер, работник во фабрика или веб-дизајнер).

Секогаш прво се коригира видот со очила. Во зависност од диоптријата и од висината на цилиндерот, на пациентот може да му предложиме контактни леќи: меки или РГП (полутврди гас-пропустливи).

Цена

Пакетот вклучува:  интервенција со локална анестезија и две бесплатни контроли во првите два месеци од операцијата.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

Преглед за кератоконус

Преглед на преден сегмент и пентакам анализа.

4.500,00

Пентакам

Дијагностика за анализа на рожница.

3.100,00

Фитање на ROSE K леќи

Специјализирани леќи за лица со кератоконус.

5.100,00

Cross linking метода

Цената се однесува на едно око.

61.500,00

Најчести прашања

Каков е прегледот за кератоконус на рожница и колку чини?

Преглед за кератоконус е детален офталмолошки преглед. Се прават повеќе испитувања како: рефракција (компјутерско одредување на диоптрија), одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на преден и заден сегмент (очно дно), анализа на рожница со Пентакам. Во истиот е вклучено разговор со доктор за вашата дијагноза, совет за понатамошен третман и извештај. Прегледот поради својата деталност трае околу 2 часа и после истот ќе гледате заматено 2-3 часа. Прегледот чини 4100 денари.

Како се лекува кератоконус?

Лекувањето благи и умерени случаи на кератоконус се состои од носење очила и полутврди или тврди контактни леќи и редовно следење на прогресот на болеста. За прогресивните облици на болеста се препорачува методот crosslinking. Крослинкинг метод (corneal collagen cross-linking или CXL) е интервенција на окото, која се врши со цел да се сопре или да се забави понатамошната прогресија на болеста. Кај младите под 30 години се врши веднаш.

Колку чини оваа интервенција?

Подетално за цените може да погледнете на нашиот Ценовник.

Дали кај вас се прави трансплатација на рожница?

Првенствено треба да се дојде на преглед, за да се констатира состојбата. Поради нашето партнерство со “Свјетлост“ – Загреб, нашите пациенти го добиваат овој начин третман, доколку е навистина потребен.