Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Опис

ОЦТ (оптичка кохерентна томографија) претставува неинвазивен тест со слики кој користи светлосни бранови за да направи пресек на сите слоеви на ретината.  Ова снимање не го зрачи окото.

Тоа му овозможува на офталмологот да ја мапира ретината и да ја дефинира нејзината дебелина и структура, прикажувајќи ги сите нејзини слоеви што многу помага во иден третман кај пациентите со глауком и болести на ретината како дијабетичната ретинопатија  и макуларната дегенерација. 

Структурата на ретината е важна за да се утврди дали таа е нормална и здрава или пак има одредени промени. Ако ретината е истенчена тоа е знак за атрофија, доколку е здебелена тоа е знак за едем (оток).

Дијагнози

ОЦТ (оптичка кохерентна томографија) е корисен за дијагностицирање на многу состојби на очите како:

ОЦТ често се користи да се оценат и нарушувања на очниот нерв. ОЦТ снимање му помага на офталмоогот да види промена на влакната на оптичкиот нерв. На пример, може да забележи промени кои асоцираат на глауком. 

Процедура

При изведувањето на ОЦТ со вас е оптометрист/медицинска сестра.

Пред ОЦТ анализа, офталмологот може да побара да се прошират зениците, но и не мора. Проширувањето на зеници се врши со капки. 

Со проширени зеници полесно се гледа ретината во окото (задниот дел од окото).

Потоа ќе ве седнат пред ОЦТ апаратот и ќе ја потпрете главата на потпора за да биде стабилна и без движења. Апаратот ќе го скенира вашето око без да го допре. Ова скенирање трае од 2 до 3 минути. 

Ако вашите зеници се проширени може да се сензитивни на светлина и да ви е заматен видот неколку часа по снимањето.

Не се изведува

ОЦТ не се користи доколку пациентот има зрела (густа) катаракта или значително крварење во стаклестото тело (во задниот дел на окото) бидејќи тие ја попречуваат светлината да помине низ окото и да ја сними ретината.

Зрачење

ОЦТ е снимање кое нема зрачење, односно функционира со светлосни бранови.

Цена

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

ОЦТ

Оптичка кохерентна топографија на преден сегмент или заден сегмент.

1.900,00