Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Со ласерската корекција на диоптрија се ослободувате од диоптријата и очните помагала.

Диоптријата е рефракциска аномалија на окото кое што не е во можност да ја избистри сликата. Лица со диоптрија може да бидат кратковиди и далекувиди.

Кратковиди сте ако јасно ги гледате предметите во непосредна близина, а сите пооддалечени предмети ви се заматени. Далекувидност е кога предметите во непосредна близина ви се матни или ви е потешко да читате.

Опис

Ласерска корекција на диоптрија е најпопуларната метода за корекција на диоптрија која се користи во светот повеќе од 30 години и на светско ниво се извршени повеќе од 40 милиони интервенции.

Станува збор за една од најмодерните интервенции на денешницата за ласерско ремоделирање на рожницата (предната проѕирна површина на окото) за отстранување или намалување на диоптријата/цилиндерот.

Денес постојат неколку методи на ласерска корекција на диоптрија, а основната поделба се заснова врз тоа на кој дел од рожницата се изведува (површина на рожница – PRK; средина на рожницата – LASIK).

Кандидати

Со ласерската корекција на диоптрија се корегира/отстранува ‒10 до +6 и ±6 астигматизам (цилиндер). Возрасната граница е од 18 до 40 години и минимум една година стабилна диоптрија.

Во одредени случаи може да се отстрани и повисока диоптрија. Кај пациентите што имаат повисока диоптрија и не се кандидати за ласерска корекција на диоптрија постои решение за отстранување на диоптријата со вградување на најсофистицираните леќи во очите, чии резултати се еднакво добри, а во некои случаи се подобри и од ласерската корекција на диоптрија.

Со факичните леќи се корегира диоптрија над -10 и +6, односно висока диоптрија.

Преглед

Прегледот за ласерската корекција на диоптрија е еден вид систематски преглед на окото бидејќи се анализира секој дел од окото и воедно е и гаранција за успешноста на интервенцијата. Овој преглед може да го направат и пациенти кои сакаат само детален преглед за состојбата на окото и видот без притоа да се заинтересирани за ласерската корекција на диоптрија.

Прегледот временски трае од час до час и половина и се состои од:

  • Пополнување на прашалник за вашата општа здравствена состојба;
  • Задолжително читање на општите информации за ласерска интервенција;
  • Проверка на диоптрија, видна острина и очен притисок;
  • Снимање со пентакам (се прави 3Д анализа на окото и служи за воочување на одредени аномалии на окото за кои сеуште се немаат пројавено симптоми);
  • Ширење на зеници со капки за проверка на очно дно и објективна диоптрија;
  • Разговор со тимот за сѐ што ве интересира.

Подготовките за прегледот ги започнува медицинска сестра. Прегледот продолжува со офталмологот и оптометристот.

Пред самиот преглед, многу е важно пациентот да мирува од носење на контакни леќи извесен период за да „се одмори“ рожницата на окото од леќите. Да се манифестира реалниот цилиндер односно формата на рожницата без притисокот од леќата.

Доколку пациентот носи меки контактни леќи, потребно е да мирува мин. 3 дена. Доколку носи полутврди или тврди контактни леќи тогаш потребно е да мирува од нив мин. 7 до 14 дена пред прегледот. Во меѓувреме може да носи очила.

Предоперативна подготовка

Предоперативната подготовка трае околу 20 минути. Во овој период се прави повторна проверка на состојбата на видот и окото на пациентот.

Офталмологот повторно ги објаснува чекорите на интервенцијата.  Откако ќе поврди дека се е во ред и пациентот се уште сака да ја направи ласерската корекција на диоптрија, се капат анестетски капки и влегува во операционата сала.

Тек на операција/интервенција

Самата интервенција трае само 5 минути од око. Таа е комплетно безболна – се става локална анестезија во вид на капки и пациентот не чувствува болка. Пациентот е буден и разговара со офталмологот и ги следи неговите насоки.

На окото се става држач – оваа постапка е безболна, но можеби малку некомфорна. Таа служи да се задржат очните капаци. Пациентот има чувство дека трепка, иако тоа не го прави поради држачот.

Потоа се креира флап на рожницата на окото на кое место се ласерира и отстранува диоптријата. Откако ќе се отстрани диоптријата, флапот се враќа во нормална положба. Оваа постапка е комплетно безболна.

Со денешните ласери, една диоптрија се отстранува за помалку од 2 секунди. Системот за следење на окото на пациентот во текот на операцијата (tracker) овозможува прецизна достава на ласерските зраци на точно одредено место, независно од микродвижењата на окото на пациентот додека работи ласерот.

Ласерската корекција на диоптрија во Систина Офтамологија е рутинска процеудура која се спроведува согласно протоколи и стандарди на светската офталмологија. Искусниот хирушки тим, како и за сите други интервенции, е гаранција за успех во третманот на вашите очи.

Постоперативна нега

Периодот на адаптација односно постоперативна нега на ласерска корекција на диоптрија е од 3 до 7 дена.

Следниот ден е прва задолжителна контрола, а  следна контрола е после неколку дена врз основа на проценката на вашиот офталмолог. Овие прегледи служат за да се следи стабилизрањето (адаптирање) на вашиот вид и зараснувањето на флапот на рожницата.

Нормални реакции непосредно по интервенцијата се малку заматен вид, пецкање, чувство на песок и чешање. Овие симптоми за краток период исчезнуваат, а капките кои ќе ги ставате помагаат во влажнење на окото и намалување на споменатите симптоми.

Мерки на претпазливост

Ограничувањата по интервенцијата се привремени и не траат долго и секогаш се согласно препорака на офталмологот. Многу се важни професијата и стил на живеење на пациентот.

Најчесто спортските активности вообичаено се дозволени веќе по втората недела, а шминкањето по третата.

Медицинскиот персонал е достaпен 24/7 за било каква консултација која е потребна по интервенцијата.

Цена

Пакетот вклучува: интервенција со локална анестезија и две бесплатни контроли во првите два месеци од операцијата.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологијa.

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.

4.200,00

Пентакам

Дијагностика за анализа на рожница.

3.100,00

Контролен постоперативен преглед

Преглед три месеци по ласерска корекција на диоптрија.

1.150,00

Ласерска корекција на диоптрија – ПРК

Цената се однесува на едно око.

39.980,00

Ласерска корекција на диоптрија – ЛАСИК

Цената се однесува на едно око.

31.000,00

Најчести прашања

Може ли дете да ја направи оваа интервенција?

Лицето треба да биде полнолетно за да ја изврши оваа интервенција. Не се препорачува на деца под 18 години, бидејќи окото сè уште се развива и диоптерот се менува. Окото расте и се развива додека се развива и човекот. Родени сме со око 16 милиметри. До тригодишна возраст окото расте до 23 милиметри, а за време на пубертетот кога ќе заврши и растот на очите, очното јаболко нормално достигнува должина од 24 милиметри.

Зошто не можам да направам ласерска корекција на диоптрија ако имам 45 години?

По четириесеттата година се развива пресбиопија или старечка далековидост, која е дел од природниот процес на стареење на окото. Ако дотогаш сте гледале добро или се далековиди, наеднаш почнува да ви слабее видот на близина, т.е. „рацете ви стануваат кратки“. Последователно, почнува да слабее и видот на далечина. Поради овој процес ласерската корекција не е соодветно решение, затоа што може да се појави и почетна катаракта. Кај овие пациенти има друго решение – имплантација на мултифокални интраокуларни леќи (повеќе за нив ќе прочитате во делот на старосна диоптрија).

Доколку имам менструација, дали може да ја правам интервенцијата?

Можете, менструацијата не е пречка.

Можам ли да вежбам по интервенцијата?

По интервенцијата две до три недели, можете да започнете со лесни вежби како што се трака за трчање, возење на статичен велосипед, но сепак, треба да се внимава потта да не ви влезе во очите. По еден месец можете да пливате во море или базен. Потешко физичко вежбање, како што е теретана или контактни спортови можете да започнете еден месец по интервенцијата.

Колку долго после ласерската операција не треба да ја мијам косата?

За време на првите неколку дена по интервенцијата (по можност 5 дена), треба да се избегнува плакнење и контакт со вода од чешма, бидејќи во истата постојат микроорганизми што претставуваат потенцијален ризик да предизвикаат инфекција на свежо оперираното око.

Зошто пред прегледот за ласерска корекција се отстрануваат меките контакти леќи 3 дена, а тврдите или полутврдите 7 дена?

Бидејќи вршиме детални снимања на рожницата и за релевантноста на корнеалната топографија, потребно е отстранување на леќите минимум 3 дена (за меки) или 7 дена (за тврди леќи), за да се опорави рожницата. До тогаш носете си ги очилата и со нив може слободно да дојдете на преглед.

Колку време по прегледот можам да ја направам интервенцијата?

Денот за интервенција заеднички го договарате со вашиот офталмолог.

Ако имам покачен очен притисок, можам ли да ја направам интервенцијата?

Одговорот на ова прашање не може да се генерализира. Тоа е индивидуално и зависи од тоа колку е висок интраокуларниот притисок кај секој пациент посебно. Глаукомот е болест која треба да се следи постојано. Ако состојбата е стабилна и нема прогресија, тоа не е контраиндикација за интервенцијата. Во зависност од состојбата на видното поле и очниот нерв, вашиот офталмолог ќе ви го препорача најдобро решение.

Ако имам кератоконус можам ли да ја направам интервенцијата?

За жал, не.

Дали треба да носам очила за сонце и дома по ласерска операција?

Очила за сонце носите само кога ја напуштате болницата по интервенцијата, сѐ додека не стигнете до дома. После тоа, нема потреба. Причината за тоа е чувствителност на дневната светлина на окото по интервенцијата.

Ако имам дијабетес можам ли да ја направам интервенцијата?

Може, ако очната позадина е здрава тоа не е контраиндикација.

Треба ли за преглед или за интервенција да ги извадам вештачките трепки?

За преглед нема потреба, додека за интервенцијата е неопходно.

Колку време по интервенцијата не смеам да се шминкам?

Маскара и туш за очи треба да се избегнуваат 3 недели по интервенцијата.

Ако менструалниот циклус се стабилизира и јас сè уште дојам, дали можам да направам ласерска корекција на диоптрија?

Не. Ласерската корекција не се препорачува за време на доењето и сѐ додека не се стабилизира менструалниот циклус по породувањето.

Колку долго после интервенцијата треба да избегнувам задимени и прашливи простории?

Препорачливо е да се избегнуваат задимени простории 2-3 недели по интервенцијата.

Може ли повеќе пати да се направи ласерска корекција на диоптрија?

Може. Кај многу мал број на пациенти (помалку од 1%) можно е да се поврати диоптријата и во зависност од состојбата на окото, може да се изврши повторна интервенција.

Што доколку не сум вистински кандидат за ласерска корекција на диоптрија?

Ако поради одредени индикации (на пр. диоптрија над -10 или +6 и ± 6 цилиндар (астигматизам), недоволна дебелина или структурни промени на рожницата), не сте кандидат за ласерска корекција на видот, можно е да се изврши друг вид операција за отстранување на диоптрија што вклучува имплантација на фаќични леќи.

Ако по четиересеттата година, имате заматување на леќата на природната леќа на окото (катаракта или перде)  и/или сакате да се ослободите од диоптријата за блиску и далеку, решение е да се имплантираат мултифокални леќи или леќи со проширен распон на вид.

Дали боли ласерската корекција на диоптрија?

Интервенцијата е сосема безболна, бидејќи пред постапката, на пациентот му се капе локална анестезија со капки.

Што ако трепнам за време на постапката или го помрднам окото?

Држачот на очните капаци го спречува трепкањето на очите, а бидејќи пред постапката се капе анестезија и трае само неколку минути, чувството на непријатност е многу минимално. Ласерот е опремен со систем за следење на микро-поместувањата на окото што реагира во милисекунди. Ако пациентот го движи окото, ласерот автоматски престанува да работи. Ласерот е програмиран да испушта воздух само до точно одреденото место.

Можам ли да ослепам за време на интервенцијата?

Самата постапка за отстранување на диоптријата се изведува на површината на окото (на рожницата), а сите центри за вид се наоѓаат во задниот дел на окото, така што нема можност ласерот да предизвика слепило. Ласерот работи на принцип на ладно испуштање на светлина што не може да го оштети околното ткиво или да навлезе подлабоко во окото отколку што е потребно.

Дали ласерската корекција на диоптрија е трајна?

Резултатите од ласерската корекција се трајни во 98% од случаите. Кај екстремно високите диоптрии, во помалку од 2% од случаите, евидентирани се враќање на далеку пониски диоптри отколку што биле пред ласерската корекција. Како и да е, дури и кај овие лица, ако ја направиле пред 10 години, со денешната технологија е можно да се повтори интервенцијата без дополнителен ризик за очите. Враќањето на диоптрија не е резултат на лошо извршената процедура, туку  заради лични, генетски и еколошки фактори на секој пациент посебно (понатамошен раст на диоптријата како резултат на генетски фактори, неправилни процеси на заздравување и долотрајна работа на блиску).

Дали може со постапката да се острани и цилиндарот (астигматизам)?

Да, ласерот отстранува до +6 цилиндар. Цената на интевенцијата е иста без оглед на тоа дали лицето има сферичен диоптер или цилиндар или комбинација на двете.

Имам диоптрија -13, можете ли да ми помогнете?

Доколку имате диоптрија поголема од -10 или +6, постои можност да се имплантираат факични леќи во окото. Факичните леќи се вградуваат над природните леќи и целосно го решаваат проблемот со диоптријата. Важно е да се направи детален преглед за ласерска корекција на диоптрија со сите испитувања, за да се види кои леќи би биле најдобро решение.

Смеат ли трудници да прават ласерска корекција на диоптрија?

За време на бременоста, телото на жената, вклучително и очите, претрпува многу хормонални промени. Ласерската корекција на диоптрија се смета за дел од естетска хирургија (по избор на пациентот) и се препорачува да не се врши за време на бременоста и доењето. Оптимално планирање на интервенцијата кај жени кои планираат бременост ќе биде 2-3 месеци пред бременоста или по стабилизирање на менструалниот циклус по породувањето.

Дали сувоста на окото по интервенцијата е трајна?

После ласерската корекција, постои зголемена сувост на окото минимум 6 недели и затоа треба да се користат вештачки солзи. Според најновите студии, утврдено е дека 6 недели по интервенцијата има комплетно заздравување на окото и 99% од пациентите немаат никакви симптоми. Малку посилни симптоми на суво око, кои може да траат подолго од 6 недели, има кај луѓе кои носеле подолго време контактни леќи (особено меки). Причината за продолжена сувост на окото кај таквите лица е примарното нарушување на клетките на мукозната мембрана на окото предизвикано од контактните леќи. Кога носите контактни леќи (особено меки), леќите се потпираат на мукозната мембрана на окото и се јавува триење на клетките низ леќата заради движење и трепкање на очите. Затоа, исклучително е важно за оние кои носат леќи, да капат вештачки солзи над леќите за барем делумно да ги ублажат штетите по овие клетки и да ја намалат сувоста на окото (леќите апсорбираат солзи за да ја одржат влажноста). Прекумерно суво око е главна причина да престанете да носите контактни леќи. Ако симптомите се многу изразени, сувото око треба да се третира пред ласерската корекција.

Колку чини ласерската корекција на диоптрија?

Подетално за цените може да погледнете на нашиот Ценовник.