Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Опис

Флуоресцеинска ангиографија (ФА) е дијагностичка процедура која користи специјална камера за да го снима протокот на крв во ретината. 

Оваа дијагностика се препорачува за проверка на ѕидовите на крвните садови кај болести на ретината кои предизвикуваат формирање на абнормални крвни садови, со тенки ѕидови, кои може да доведат до крварење во окото. Исто така се користи и за следење на резултати од третирање на состојбите.

Дијагнози

Флуоресцеинската ангиографија се применува кај следните дијагнози:

Процедура

  • Претходна подготовка

Пожелно е да испиете 2 до 3 чаши вода. Избегнувајте течности како чај, кафе и други кофеински напитоци. Доколку носите контактни леќи, понесете ја со вас и кутијата за леќите затоа што ќе треба да ги извадите.

Исто така, потребно е да се направи алерго тест за да се провери дали сте алергични на супстанцијата која се користи при оваа метода.

  • Тек на процедура

Ви се прошируваат зениците со капки. Седнувате пред апаратот на потпорните елементи на апаратот за да се фиксира главата. 

Флуоресцеинската боја се инјектира во вена на раката. Додека бојата минува низ крвните садови на вашето око, се прават фотографии за да се забележи протокот на крв во вашата мрежница. Фотографиите може да откријат абнормални крвни садови или оштетување на слузницата под мрежницата.

Сликите ќе бидат снимени во црно-бело. Бојата ќе флуоресира во крвните садови и ќе биде снимена како светло сива или бела на сликата. Интерпретацијата на абнормалниот ангиограм се потпира на идентификација на области кои покажуваат хипофлуоресценција (темнина) или хиперфлуоресценција (осветленост).

Процедурата се одвива околу 10 до 15  минути. За време на процедурата можно е да почувствувате благо гадење кое за брзо поминува. 

Не се изведува

Флуросцеинската ангиографија (ФА) не се изведува кај лица кои се алергични на флуросцеин. Пред самата постапка задолжително се прави алерго тест по насоки на офталмологот.

 

Зрачење

Зениците ќе ви бидат проширени пред процедурата така што тестот не вклучува директен контакт со очите и нема зрачење.

Цена

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

Флуросцеинска ангиографија (ФА)

7.000,00