Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Опис

Додека го читате овој текст, колку забележувате од страничните делови на вашиот компјутер или мобилен телефон? 

Видно поле всушност значи подрајчето кое може да го забележи вашето око додека се фокусира на одредена централна точка (горе, долу и на двете страни од точката на која се фокусирани очите). Видот е типично најостар во средината на видното поле.

Со испитување на видното поле се утврдува каков е вашиот вид на двете очи и  дали има губиток на видот кој настанал со тек на време.

Дијагнози

Видното поле е корисно за дијагностицирање и следење на следните очни состојби:

  • глауком;
  • макуларна дегенерација;
  • макуларен едем;
  • дијабетична ретинопатија;
  • дијабетична макулопатија;
  • оптичен глиом;
  • оток на очен нерв (очен неуритис);
  • спуштен капак (птоза).

Видното поле исто така се користи и за дијагностицирање при:

  • тумор на мозок;
  • мултиплес склероза;
  • мозочен удар;
  • темпорален артеритис;
  • состојби на централниот нервен систем;
  • нарушавања на хипофизата;
  • висок крвен притисок;
  • влијанието на централната ретина од одредени лекарства.

Процедура

Во нашата клиника се изведува автоматизиран статичен периметрен тест на видното поле.

Станува збор за апарат чија намена е да го испита вашето видно поле односно креира мапа за тоа што можете, а што не можете да видите. 

При изведувањето на испитувањето со вас е оптометрист/медицинска сестра.

Седнувате пред апаратот кој има изглед на округла длабока чинија и се поставува главата на потпора поради стабилност.

Окото што не се тестира се покрива со лепенка. Потребно е да гледате во централниот дел на апаратот во текот на испитувањето. Мали, слаби светла ќе почнат да се појавуваат на различни места и потребно е да го притиснете копчето секогаш кога ќе видите светлина. Со испитувањето се следи кои светла не сте ги виделе.  

Светлата не се движат низ екранот, туку светкаат со различен интензитет на различна локација. Поради тоа овој тест е статичен. 

Некои светла се посилни и лесно приметливи, но некои се многу слаби и едвај забележливи. Овие слаби светла кои едвај ги забележувате го определуваат вашиот долен праг на светлосна сенизитивност. Тој параметар е многу важен за дијагностика на многу болести како на ретината така и на очниот нерв но исто така преку оваа дијагностичка метода се откриваат и болести и состојби на мозокот. 

Не се изведува

Kaj пациенти на кои им е тешко да се сконцентрирани од 15 до 30 минути. 

Зрачење

Испитување на видно поле е снимање без зрачење.

Цена

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

Видно поле

Испитување на едно око.

1.200,00

Видно поле

Испитување на на двете очи.

1.620,00