Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Тумор на очните капаци, како и на секое друго место на телото, мора да бидат сфатени сериозно. Најчести промени што се случуваат се бенигни (цисти, брадавици, воспалителни промени) и може да се излекуваат со лекови или со едноставни хируршки интервенции.

Опис

За жал, во некои случаи, промените може да имаат малициозен карактер. Освен фактот што некои видови тумор на очните капаци може да се шират на околни места, во случај кога се наоѓаат на нежни и осетливи подрачја, како што е подрачјето околу окото, потребно е нивното отстранување да се направи внимателно и многу нежно преку реконструкција на околните делови на кожата и другите структури, со цел да може да се зачуваат правилната функција на капакот и естетскиот изглед на пациентите.

  • Симптоми

Честопати, тумор на очните капаци може да биде без симптоми и се забележува само како израсток долж очниот капак.

Во други случаи, црвенило, болка, исцедок, крварење, губење на трепките или ерозија на околната кожа може да укажуваат на присуство на тумор на очните капаци.

Кандидати

Кај лицата кои страдаат од хронично суво око, хипертензија, нарушувања на циркулацијата, нарушувања на тироидната жлезда, дијабетес или срцеви заболувања доколку нивната состојба е регулирана и е стабилна, се кандидати за оваа интервенција.

Преглед

Прегледот е безболен, детален и во еден преглед може да се добие целосен наод за состојбата на окото. Се прави преглед за окулопластика за да се провери состојбата на капаците и видот.

По потреба може да се направат и дополнителни дијагностички испитувања по барање на офталмологот.

Предоперативна подготовка

Предоперативната подготовка трае околу 20 минути. Пациентите со хронични болести,  во зависност од терапијата која што ја примаат, имаат посебни подготовки за кои се информирани на денот на закажување на операцијата.

Подготовката ја започнува медицинската сестра при што се зема анамнеза. Се проверува крвен притисок и шеќер. Потоа во консултација со офталмологот доколку има потреба се прават дополнителни дијагностички испитувања.

Откако пациентот ќе биде целосно подготвен се внесува во операциона сала.

Интервенцијата се изведува со локална анестезија. По потреба, може да се изведе со општа анестезија при што претходно се прави анестезиолошки преглед.

Тек на операција/интервенција

По интервенцијата, следниот ден е првата контрола, потоа следна контрола е за една недела и трета контрола е за еден месец.

На пациентот му се препишува терапија и е должен да ја користи согласно временскиот период назначен од офталмологот.

Очекувано е да се појават модринки и оток кој се намалува полека од 10 до 14 дена. Потребно е неколку месеци за лузни од хирушките засеци целосно да избледат. Во одредени случаи оваа интервенција може да има потреба да се направи повторно.

Постоперативна нега

Во зависност од видот на туморот, локацијата и колку е напреднат се одредува кој третман е потребен.

При стандардната интервенција се отстранува парче или туморот во целост и се шие раната, при што примерок се праќа на биопсија за да се утврди дали е малиген или бениген.

Поради специфичноста на овие состојби, сите информации ги добивате на денот кога ја закажувате интервенцијата.

Мерки на претпазливост

Ограничувањата по отстранување на туморот на очните капаци се привремени и не траат долго и секогаш се согласно препорака на хирургот.

Во првите неколку дена по операцијата, треба да се избегнува миење на лице со обична вода и триење на окото и првиот месец да се избегнува потешки напори како и кревање на тешки предмети. Особено е важно редовно и правилно да се користи пропишаната терапија.

Исто така не треба да се носат контактни леќи две недели по интервенцијата.

Најчесто спортските активности вообичаено се дозволени веќе по 2-3 недели по операцијата, во зависност од возраста на пациентот и интензитетот на вежбање.

Цена

Пакетот вклучува: интервенција со локална анестезија и  три контроли по операцијата.

Анестезиолошкиот преглед и општата анестезија се наплаќаат дополнително.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологијa.

Преглед за окулопластика

2.800,00

Контрола за окулопластика

1.000,00

Операција за отстранување на тумор на капаци

Цената се однесува на едно око.

15.000,00

Операција за отстранување на тумор на капаци и околно ткиво

Цената се однесува на едно око.

31.000,00

Операција за отстранување тумор (орбитален тумор)

Цената се однесува на едно око.

92.300,00