Приказ на суви очи од блиску.

Дури и кога се смее човекот, очите се полни со солзи. Солзите обезбедуваат влажност која помага да се гледа. Што е солза? Таа е микс од вода, масла, слуз.

Суво око може да се создаде доколку не продуцира окото многу солзи.

Суви очи прават да се почувствува непријатност. Доколку лицето има суво око ќе почувствува како пецкање во самото око. Може да се почувствува суво око во одредени ситуации како што е во авион, климатизирана просторија, додека вози велосипед или по долготрајно работење на компјутер.

Третманите кои се користат за суво око прават да се ослободи окото. Овие третмани може да бараат целосно менување на животниот стил и капки за очи.

Понекогаш, сувото око предизвикува солзење. Оваа контрадикторност се нарекува рефлексно солзење. Таа се случува поради намаленото количество на влажност во самото око и тоа предизвикува иритација на окото. Испраќа сигнал низ нервниот систем за поголемо влажнење на окото. Телото испраќа поголемо количество солзи за да ја надополни сувоста. Процесот е сличен како кога песок ќе влезе во окото.

Третман на суви очи

Најчесто користен третман против суво око се токму вештачките солзи. Доколку лицето има хронично суво око, треба да се користат капките дури и кога не чувствува сувост, во спротивност можат лесно да станат суви.

Ризик фактори

– Лицата кои се постари од 50 години – Како што старее човекот, се помалку очите продуцираат солзи. Сувото око е многу честа појава кај лицата постари од 50 години

– Жените – Помалото продуцирање на солзи е честа појава кај жените,  особено кога имаат некоја хормонална промена, дали е бременоста, користење на анти-бебе пилули или менопаузата.

– Исхрана со многу мал внес на витамин А – треба поголем внес на моркови, брокула или риба.

Носење контактни леќи.

Компликации од суви очи

Лицата кои имаат суво око, може да се соочат со следните компликации

  • Инфекција на око
  • Oштетување на површина на окото – доколку не се третира навреме, сувото око може да ја оштети површината на окото и да дојде до разни инфекции и губење на вид

Намален вид – со сувото око доаѓаат и голем број проблеми во секојдневието како што е не можноста за читање книга.

Причини за појава на суво око се:

  • Блефаритис;
  • Ентропија; еконтропија;
  • Климатизирана просторија;
  • Пушачи;
  • Работење на компјутер долго време;
  • Носење контакни леќи;
  • Користење на апчиња против алергија, за спиење, апчиња за срце, за анкциозност итн.

Превенција на суви очи

Доколку лицето имa суво око, мора да обрне внимание на ситуациите кои можат да создадат суво око. На пример :

  • Не користете фен или клима, додека вашето око е суво;
  • Додадете влажност во воздухот или доколку имате навлажнувач на воздух вклучете го;
  • Користете очила за сонце или заштитни очила, додека сте на отворенo поради ветрот;
  • Дадете им одмор на очите, користете ги вежбите за очи;
  • Престанете да пушите цигари и избегнувајте дим;
  • Спуштете го мониторот на компјутерoт или лаптопот под ниво на вашите очи.

Кога да се посети очен доктор

Доколку ги чувствувате вашите очи суви и не можете да гледате јасно, задолжително закажете преглед или доколку не сте во можност консултирајте се online со офталмолог. Сувото око е најдобро третирано на самиот почеток, одложување на третирањето е потешко за третирање.