Човечко око од блиску со контактни леќи

Контактни леќи ослободуваат од носење очила, но доколку не се води грижа за нив, се појавуваат голем број на инфекции и компликации.

Спиење со контакни леќи

Солзниот филм го влажни окото и ја храни рожницата со кислород. Со трепкање се лачат солзи, а кога окото е отворено доаѓа во контакт и со кислородот од воздухот. Кога спиеме, нема размена на солзи (затоа што не трепкаме), но исто така окото е затворено и размената на солзите е намалена. Спиењето со леќи, дополнително ја покрива рожницата и нема доволно кислород. Воедно, нема размена на солзи и страда од недостаток на кислород (хипоксија) и сувост.

Кај лицата кои долго носат контактни леќи (било тоа да се тврди, полутврди или меки), поради механичко дејство на леќата (притисок врз рожницата, особено ако окото е суво или несоодветна леќа се користи во окото), рожницата може да добие неправилна форма и може да има некои карактеристики на  кератоконус и пациентите се жалат на ослабен вид. Кератоконус е состојба на рожницата, која се испакнува во вид на конус. Првичните симптоми се отежнато фокусирање навечер, расејување на светлината околу светлосен извор во вид на халоа или ѕвезди. На дневна светлина, пак, се јавува фотосензитивност или пречувствителност на светлина.

Поради тие причини не е препорачано да се спие со контактни леќи.

Лицата кои носат контактни леќи имаат помала интолеранција кон инфекција на очите

Секоја контактна леќа е како туѓо тело во окото и може да предизвика сериозни компликации. Доколку се носат контактни леќи при туширање и контактната леќа дојде во допир со водата може да се предизвика воспаление на рожницата од паразитот акантамоба. Воспалението е потешко за третирање и најсериозната компликација до која може да доведе е трансплатација на рожница. Поради тоа е од големо значење самото едуцирање пред да се носат контактните леќи.

Сувото око најчесто се појавува кај лицата кои носат контактни леќи

Модерниот начин на живот кој вклучува климатизирани простории, долга работа пред екран, побрзо ја развива сувоста на окото. Сувото око се појавува и кај лица кои не носат контактни леќи, но најчесто тоа е кај лицата кои носат контакни леќи. Лицата кои носат контактни леќи како симптоми на суво око ги наведуваат : не можност да се носат контактни леќи подолго од 2 часа, чувство како да има туѓо тело во окото, гребкање или како да имаат песок во окото. Доколку се почувствува некаква чудна состојба во окото, веднаш треба да се извадат леќите и да се закаже преглед во најбрз можен рок.

Носење на контактните леќи по истекот на нивниот рок

Прва и основна работа кај користење на контактни леќи е нивниот рок на траење. Доколку леќата се носи подолго од што треба, нејзините карактеристики се менуваат и се таложат разни наслаги кои предизвикуваат инфекции.

Решение против инфекција од контактни леќи

За да не се случуваат инфекции од контактните леќи, најпрво секое лице кое сака да носи таков вид на леќи треба многу да се информира за одржувањето на истите и кои се позитивните и негативните страни од носење на контактни леќи.

Да се носат контактните леќи краток период во денот, само кога е тоа задолжително и да се вадат пред спиење.

Доколку диоптерот е нешто што сака пациентот да го отстраните и да не се грижи за инфекции или компликации од носење на контактни леќи, може да направат ласерска корекција на диоптрија. Ласерската корекција на диоптрија е начин на кој на едноставен и безбеден начин се ослободувате од контактни леќи и очила деи нема грижа за инфекции од контактни леќи.

Совет за првичен преглед и/или дијагностика
во случај да имате иста или слична состојба:

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.

4.270,00


Пентакам

Дијагностика за анализа на рожница.

3.100,00

Контролен постоперативен преглед

Преглед три месеци по ласерска корекција на диоптрија.

1.150,00

Ласерска корекција на диоптрија – ПРК

Цената се однесува на едно око.

39.980,00

Ласерска корекција на диоптрија – ЛАСИК

Цената се однесува на едно око.

31.000,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.