Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Ласерфотокоагулација е лесна и кратка интервенција на ретината од окото. Со неа се врши намалување или уништување на абнормални структури во ретината или пак намерно се предизвикува формирање на лузни на ретината за да се спречи нејзино одлепување (аблација).

Ласерфотокоагулација се користи за третирање на голем број на состојби на ретината, како ретинална дупка, ретинална дегенерација, витреоретинална тракција,  дијабетична ретинопатија, едем на макула, оклузија на ретинална вена.

Опис

Ласерфотокоагулација е амбулантска процедура која е важно да се изведе на време за да се зачува видната острина.

Ласерфотокоагулацијата исто така предизвикува и повлекување на новостворените крвни садови и спречување на создавање на нови, со што се намалува ризикот од крварење во внатрешноста на окото и губитокот на видот во целост. Како метода на лекување е ефикасна кај приближно 80% од пациентите.

Кандидати

Оваа постапка се применува кај лица кои имаат промени на ретината како резултат на:

  • Дијабетична ретинопатија
  • Ретинална дупка
  • Ретинална дегенерација
  • Макуларен едем
  • Ретинална венска оклузија
  • Тракција со можност од одвојување на ретина.

Преглед

Потребата за ласерфотокоагулација се утврдува на супспецијалистички преглед кој се состои од рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

По потреба се прави и ОЦТ – оптичка кохерентна томографија како и дополнителни дијагностички испитувања на барање на хирургот.

По прегледот ги добивате извештајот и резултатите од направените дијагностички испитувања.

Подготовка пред третман

Нема посебна подготовка пред самиот третман.

Тек на третман

Ласерфотокоагулација се одвива во амбулантски услови, со локална анестезија на проширена зеница.

Офталмологот со ласерот прави мали изгореници во засегнатите области, создавајќи сврзно ткиво со кое во зависност од дијагнозата се запечатува ретиналната дупка, се запира протекување на абнормалните крвни садови со тенки ѕидови или се забавува нивниот раст.

Може да почувствувате светли трепкања или да почувствувате пе додека ласерира вашиот лекар. Оваа постапка може да се повтори и неколку пати доколку има потреба.

Постоперативна нега

Видот по ласерфотокоагулацијата ќе биде заматен бидејќи се проширени зениците. Лесна чувствителност во третираното око е нормална која поминува за ден или два.

По две недели се прави контролен преглед на ласерираните регии на ретината. Со прегледот се утврдува дали е потребно доласерирање или дополнување на третманот.

Мерки на претпазливост

Вашиот офталмолог може да советува краток период на ограничена активност ( 2-3 дена по ласерирањето)  пред да може да се продолжи со нормалните активности.

Цена

Пакетот вклучува:  подготовка пред третманот.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.900,00

Ласерфотокоагулација со аргон ласер

Цената се однесува на едно око.

7.700,00