Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Факични леќи се наменети за корекција на висока диоптрија (над -10 и +6 диоптрии) кај лица од 20 до 40 години кои вообичаено не се кандидати за ласерската корекција на диоптрија.

Опис

Факичните леќи се препорачуваат кај лица кои имаат висока диоптрија и/или тенка рожница, како и кај лица кои поради други критериуми не се кандидати за ласерската корекција на диоптрија. Пациентот нема потреба да носи очни помагала за јасно гледа.

Факичната леќа се вградува во предниот дел на окото и притоа не се отстранува природната леќа на окото.  Таа е навидум слична на контактна леќа, но за овие леќи не треба да се води посебна грижа. Откако ќе се вградат, може да се извадат само доколку има потреба.

Пациентот не ги чувствува ниту пак може да се видат каде се поставени.

Кандидати

Лица кои може да се кандидати за вградување на факични леќи се:

  • Лица кои имаат висока диоптрија ( над -10 и +6, како на пример -15 диоптрии, -20 диоптрии и сл.)
  • Лица кои не се кандидати за ласерска корекција на диоптрија, а се на возраст од 20 до 40 години;
  • Лица кои имаат тенка рожница;
  • Лица кои имаат здраво око и немаат дополнителна очна состојба како катаракта (перде), глауком, хронични инфекции на очите и сл.

Преглед

На прегледот за ласерска корекција на диоптрија се проверува дали сте кандидат за вградување на факични леќи.

Прегледот за факични леќи се состои од:

  • Прегледот временски трае од час до час и половина и се состои од:
  • Пополнување на прашалник за вашата општа здравствена состојба;
  • Задолжително читање на општите информации за ласерска интервенција;
  • Проверка на диоптрија, видна острина и очен притисок;
  • Снимање со пентакам (се прави 3Д анализа на окото и служи за воочување на одредени аномалии на окото за кои сеуште се немаат пројавено симптоми);
  • Ширење на зеници со капки за проверка на очно дно и објективна диоптрија;
  • Разговор со тимот за сѐ што ве интересира.

Подготовките за прегледот ги започнува медицинска сестра. Прегледот продолжува со офталмологот и оптометристот.

Пред самиот преглед, многу е важно пациентот да мирува од носење на контакни леќи извесен период за да „се одмори“ рожницата на окото од леќите. Да се манифестира реалниот цилиндер односно формата на рожницата без притисокот од леќата.

Доколку пациентот носи меки контактни леќи, потребно е да мирува мин. 3 дена. Доколку носи полутврди или тврди контактни леќи тогаш потребно е да мирува од нив мин. 7 до 14 дена пред прегледот. Во меѓувреме може да носи очила.

Предоперативна подготовка

Предоперативната подготовка трае околу 20 минути. Пациентите со хронични болести,  во зависност од терапијата која што ја примаат, имаат посебни подготовки за кои се информирани на денот на закажување на операцијата.

Подготовката ја започнува медицинската сестра при што повторно се зема визус, тонус и се прави рефракциско мерење.

Потоа пациентот се префрла во предоперативниот блок и му се зема анамнеза. Се проверува крвен притисок и шеќер. Потоа во консултација со офталмологот доколку има потреба се прават дополнителни дијагностики и се шират зеници.

Откако пациентот ќе биде целосно подготвен се внесува во операциона сала.

Тек на операција/интервенција на факични леќи

Пациентот легнува на оперативниот кревет, каде му се капат анестетски капки. Операцијата може да трае околу 20 минути.

За време на операцијата се прави мал засек во предниот дел на окото. Факичната леќа се вметнува низ засекот и се поставува непосредно пред или веднаш зад ирисот.

Операцијата со вградување на факични леќи може да се направи и на двете очи во ист ден. Во текот на операцијата, пациентот е буден и разговара со офталмологот и не чувствува болка.

Поради напредната технологија и дизајн на интраокуларните леќи, операцијата кога е изведена од страна на искусни хирузи е успешна, сигурна, брза и безболна операција.

Постоперативна нега

Откако ќе заврши операцијата, пациентот се внесува во апартман.  Околу половина час по операцијата пациентот си оди дома (еднодневна хирургија) без преврски, освен на барање на пациентот.

Следниот ден е првата контрола по операцијата, додека следната контрола е за 7 дена и после месец дена.

На пациентот му се препишува терапија (антибиотски/кортикостериодни капки и маст) и е должен да ја користи согласно временскиот период назначен од офталмологот.

Кај повеќето пациенти веќе се забележува подобрување на видот уште следниот ден. Нормално е да чувствува непријатност на оперираното око, како повремено пецкање и гребење.  Окото може да биде црвено и да солзи, да се има чувство на маглење, појава на ореол, како и заматен вид и двојни слики. Сите овие симптоми се нормални и постепено ќе исчезнат.

Мерки на претпазливост

Ограничувањата по операцијата се привремени и не траат долго и секогаш се согласно препорака на офталмологот.

Во првите 3 дена по операцијата, треба да се избегнува миење на лице со обична вода и триење на окото и првиот месец да се избегнува потежок физички напор (како кревање на тешки предмети). Особено е важно редовно и правилно да се користи пропишаната терапија.

Најчесто спортските активности вообичаено се дозволени веќе по 2-3 недели по операцијата, во зависност од возраста на пациентот и интензитетот на вежбање.

Медицинскиот персонал е достaпен 24/7 за било каква консултација која е потребна по интервенцијата.

Цена

Пакетот вклучува:  интервенција со локална анестезија, предоперативна подготовка и три бесплатни контроли.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.

4.270,00

Имплантација на факични леќи

Цената се однесува на едно око.

92.250,00

Имплантација на факични леќи

Цената се однесува на едно око.

110.700,00