Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Пресбиопија или старосна диоптрија е дел од природниот процес на стареење на окото. Најчесто почнува да се јавува кај лица во раните четириесетти години. Се јавува поради намалување на функцијата на очните мускули што ја „виткаат“ природната леќа (леќата има облик на диск кога гледаме на далечина, а личи на кугла кога гледаме на близина).

Старосната диоптрија се коригира со вградување на интраокуларни леќи со кои освен диоптрија, доколку пациентот има катаракта, се отстранува и катарактата (пердето). Изборот на оптимални леќи зависи од здравјето на очите и од вашите видни потреби.

Опис

Старосна диоптрија или слабеење на видот со текот на годините е неретка појава кај секој. Откако ќе се навлезе во четириесеттата година од животот полека настануваат промени во видот.

Ако дотогаш видот е добар, наеднаш почнува да слабее видот на близина, т.е. „рацете ви стануваат кратки“. Последователно, почнува да слабее и видот на далечина. Повеќето лица мора да носат очила за да читаат, за да работат на компјутер, како и да носат очила додека гледаат ТВ, додека возат автомобил, и сл. Посебни проблеми настануваат за лицата кои се занимаваат со спорт.

  • Симптоми

Главни симптоми на пресбиопијата се:

  • Тешко фокусирање и заматен вид на близина, кои најчесто се забележуваат додека се чита – зборовите стануваат нејасни и премали.
  • Ако подолго се гледа на близина, доаѓа до напрегање и замор на очите и често се проследени со солзење, а понекогаш и со главоболки. Овие промени почесто се изразени во услови на слабо осветлување.

Кандидати

Најчесто почнува да се јавува кај лица во раните четириесетти години. Процесот на слабеење на акомодацијата (можноста да се избиструва сликата на близина) завршува приближно во шеесеттите години и тогаш на лицата што гледаат добро на далечина им треба диоптрија за читање.

Преглед

Кај лицата со старосна диоптрија (пресбиопија) најчесто се прави супспецијалистички преглед.

Супспецијалистичкиот преглед е детален преглед и се состои од проверка на преден сегмент, како и определување на диоптрија (нова диоптрија, промена на диоптрија, проверка на скриен диоптер) и проверка на заден сегмент на окото (очно дно и очен нерв).

Доколку има потреба се прават дополнителни дијагностики како ОЦТ.

ОЦТ е оптичка кохерентна томографија –  се снима структурата на жолтата пега (макулата) и очниот нерв за да се открие дали има одредени недостатоци на таа структура, кои се невидливи при преглед со лупа.  Кај лица над 60 години со старосна диоптрија, се прави оваа дијагностика поради можноста на појава на макуларна дегенерација.

Доколку пациентот е заинтересиран за мултифокални  леќи со кои се овозможува вид на сите растојанија (блиску, далеку и средина) се прави преглед за мултифокални леќи.

Прегледот за мултифокални леќи се состои од:

  • Рефракција;
  • Одредување видна острина;
  • Мерење очен притисок;
  • Преглед на очно дно – ретина;
  • Ехо;
  • Биометрија;
  • IOL master.

Прегледот го врши тим од лекар офталмолог, оптометрист и медицинска сестра. Тимот е  обучен за да направи: соодветен детален преглед на окото, соодветни мерења на интраокуларната леќа и сите дијагностички испитувања потребни за да се открие постоење на некоја скриена очна болест, која би можела во иднина да влијае на квалитетот на видот.

Тек на операција

Постојат повеќе можности за корекција на старосната диоптрија. Едната можност е носење очила или контактни леќи. Денес, сè поголем е бројот на пациентите што се одлучуваат на оперативна корекција на старосната диоптрија.

Станува збор за оперативен процес при кој природната леќа од окото се заменува со вештачка леќа што овозможува одличен вид на различни далечини. Ослободувањето од очилата за гледање значително го подобрува квалитетот на животот.

Индивидуално пристапуваме со секој пациент, со цел да може да ја избереме соодветната интраокуларна леќа, имајќи ги предвид потребите и карактеристиките на животниот стил на секој поединец (работење на компјутер, читање, возење автомобил).

  • ВГРАДУВАЊЕ НА МОНОФОКАЛНИ ЛЕЌИ

Монофокалните леќи се интраокуларни леќи со кои се овозможува вид на едно растојание. По операцијата, на пациентот може да му се препишат очила во зависност од тоа која диоптрија е корегирана. На пример, доколку кај пациентот е корегирана диоптрија за далеку, може да се препишат очила за блиску.

Монофокалните леќи се сигурно решение за корекција на диоптрија кај пациенти кои не се кандидати за мултифокални леќи, како и пациенти на кои им е покомфорно со очила за читање.

  • ВГРАДУВАЊЕ НА МУЛТИФОКАЛНИ ЛЕЌИ

Мултифокални леќи се интраокуларни леќи со кои на пациентот му се овозможува вид на сите растојанија (блиску, далеку и средина). По операцијата на пациентот не му се потребни очила за блиску и за далеку.

Мултифокалните интраокуларни леќи се најсовременото решение за отстранување на старосна диоптрија но и сите диоптрии, но не секое лице е кандидат за нив.

Цена

Пакетот вклучува:  интервенција со локална анестезија/генерална анестезија кај деца.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологија.

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.900,00

ОЦТ

Оптичка кохерентна топографија на преден сегмент или заден сегмент.

1.900,00

Yag ласер капсулотомија

Третман на секундарна катаракта. Цената се однесува на едно око.

6.000,00

Имплантација на монофокална леќа (MA)

Mонофокална троделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

48.500,00

Имплантација на монофокална леќа (SA)

Mонофокална едноделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

55.900,00

Имплантација на монофокална леќа (SN)

Moнофокална асферична жолта интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

67.500,00

Имплантација на монофокална торична леќа

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.

92.500,00

Имплантација на мултифокална леќа

Интраокуларна леќа за корекција на диоптрија на сите растојанија. Цената се однесува на едно око.

123.000,00

Имплантација на мултифокална торична леќа

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија на сите растојанија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.

123.000,00

Старосна диоптрија

Што означува старосната диоптрија (далековидост)?

Пресбиопија или старечка далековидост е дел од природниот процес на стареење на окото. Најчесто почнува да се јавува кај лица во раните четириесетти години. Се јавува поради намалување на функцијата на очните мускули што ја „виткаат“ природната леќа (леќата има облик на диск кога гледаме на далечина, а личи на кугла кога гледаме на близина). Исто така, со текот на годините се случуваат и промени во структурата на леќата и таа ја губи еластичноста што ја имала во младоста.

Процесот на слабеење на акомодацијата (можноста да се избиструва сликата на близина) завршува приближно во шеесеттите години и тогаш на лицата што гледаат добро на далечина им треба диоптрија +3,00 за читање.

Постојат повеќе можности за корекција на старосна диоптрија. Едната можност е носење очила или контактни леќи. Денес, сè поголем е бројот на пациентите што се одлучуваат на оперативна корекција на старечка далековидост со имплантација на мултифокални интраокуларни леќи. Станува збор за оперативен процес при кој природната леќа од окото се заменува со вештачка леќа што овозможува одличен вид на различни далечини. Ослободувањето од очилата за гледање значително го подобрува квалитетот на животот.

Можам ли да вежбам после имплантација на интраокуларни леќи?

По операцијата две до три недели, можете да започнете со лесни вежби како што се трака за трчање, возење на статичен велосипед, но сепак, треба да се внимава потта да не ви влезе во очите. По еден месец можете да пливате во море или базен. Потешко физичко вежбање, како што е теретана или контактни спортови можете да започнете еден месец по операцијата.

Можам ли да летам со авион после операцијата?

Со авион може да летате ден по операцијата на старосна диоптрија. Ова правило важи за сите операции, освен во случај на посложените операции на задниот сегмент на окото.

Колку време ми е затворено окото по операцијата?

По операцијата на катаракта, окото обично се затвора додека не се вратите дома, ако се извршат операции на двете очи, тогаш се става заштитна леќа на окото и окото не е затворено.

Колку чини операцијата на имплантација на мултифокални интраокуларни леќи?

Подетално за цените може да погледнете на нашиот Ценовник.