
- Затворете ги очите и опуштете се: темнината ги зајакнува фоторецепторните клетки во очите, што помага да се одржи добриот вид.
- Брзо трепкање во рок од две минути ја подобрува циркулацијата на крвта
- Затворајте ги очите на секои два или три часа на неколку минути. Потоа тријте ги дланките додека не се загреат, па покријте ги очите со дланките. По една минута отворете ги очите.
- Затворете ги очите цврсто. на неколку секунди, а потоа широко отворете ги. Додека вежбате седете исправено. Вежбата повторете ја десетина пати.
- Фокусирајте го погледот низ прозорецот на некој објект. Потоа вратете го на некоја замислена точка на прозорецот , можете и да ја нацртате. Вежбата повторете ја пет – шест пати
- Додека шетате обидете се да го фокусирате погледот на далечни предмети, а не на вашите нозе или на нешто пред вас.
- Масирајте ги очите со нежно притскање на горните очни капаци. По неколку секунди отстранете ги прстите од очните капаци. Со ваква масажа може да ја подобрите циркулацијата на интраокуларната течност
- Масирајте ги слепоочниците. Со користење на палецот во кружни движења масирајте ги слепоочниците во мали кругови, десетина пати во една насока и уште толку пати обратно. Повторете го истото движење над средната точка на веѓите во челото, потоа под очите на двете страни на мостот на носот.
- Исплакнете ги очите кога осеќате дека се уморни. Во утринските часови тоа може да го направите со топла, а потоа со студена вода. Во вечерните часови, по обратен редослед, со студена па со топла вода. Во текот на денот може да ги плакнете со млака вода.
- Полека ротирајте ги зениците на очите, четири вртења во насока на стрелките на часовникот и уште толку вртења во спротивна насока.
- Исправете ја раката пред вас и гледајте во палецот. Доближувајќи го палецот кон носот, постојано гледајте во него . Повторете ја вежбата десетина пати.
- Полека движење ги очите од лево кон десно, и од десно кон лево.
- Ставете ја главата наназад, затворете ги очите и релаксирајте се три минути. Вежбата може да ја доживете како мини дремка.
- Обидете се да не гледате во екранот од компјутерот, телефонот или телевизорот најмалку два часа пред спиење.
Од горе наведените вежби, одберете најмалку четири или пет, што секојдневно ќе ги повторувате. На тој начин ќе ги заштите од премор вашите очи и ќе имате здрав вид.