
Корона вируси се широка фамилија на вируси кои нормално ги инфицираат животните, но некои од нив еволуирале и почнале да ги инфицираат и луѓето. Овие вируси може да предизвикаат различни болести, од обична настинка до сериозни болести.
Што треба да знаете за овој вирус?
Според Американската академија за офталмологија, вирусот се чини дека се шири низ мали респираторни капки (аеросоли) кои се создаваат кога заразена личност кашла или кива. Исто така, може да се пренесе преку допир на површина на која паднале тие аеросоли и се исушиле на истата, а потоа лицето ја допре устата, носот или очите со загадени раце. Инфекцијата на очите, често е прв знак за инфекција, и покажува први симптоми на корона вирус затоа што конјунктивата на очите е влезно место изложено на надворешни влијанија и најчесто e незаштитено. На тој начин заразеното лице развива ефектот на корона вирусот врз очите најчесто е конкјутивит. Поради тоа, лица кои одат на офталмолог заради конјунктивит и имаат респираторни симптоми (кашлица, отежнато дишење) имаат покачена телесна температура, а биле во некоја од заразените држави може да се сомнителни за овој вирус.
Овој вирус, покажаа истражувањата, дека е многу чувствителен на дезифициенците кои се користат за дезинфекција на офталмолошките инструменти и мебел во очната клиника така што дезинфекција во нашата установа се врши пред и после средба со секој пациент.
Кои се симптомите на корона вирусот?
- Треска
- Кашлица
- Недостиг на здив (отежнато вдишување)
- Во одредени случаи и конјуктивитис.
Први симптоми на корона вирус се појавуваат меѓу 2 до 14 дена откако се изложени на вирусот. Се смета дека заразените лица може да го пренесат вирусот пред да искусат симптоми, иако најчесто се пренесуваат од лица кои имаат развиено симптоми.
Кои категории на лица се ризик?
Возрасни лица и лица со хронични болести како срцеви заболувања, дијабетес, респираторни заболувања, автоимуни заболувања и сл. се најчесто ранливи категории на лица кои можат да се заразат со корона вирусот – COVID-19.
Како да се заштитите?
- Често мијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди. Ова е особено важно по кашлање или кивање, ако се грижите за болно лице, и пред и по приготвување и јадење на храна. Ако сапун и вода не ви се достапни во моментот, користете алхохолно базиран раствор за раце. Особено е важно да ги измиете вашите раце по кашлица или кивање.
- Покријте го вашиот нос и уста со подлактицата или марамче кога кашлате или кивате. Потоа фрлете го марамчето во канта и измијте ги рацете;
- Не ги допирајте вашите очи, нос и уста со неизмиени раце;
- Избегнувајте близок контакт со лица кои се болни;
- Чистете ги и дезинфирајте површини кои често се користат, како квака на врата и играчки;
- Останете дома ако сте болни, освен кога вашата состојба наложува медицинска грижа;
- Мијте ги рацете ако сте биле во контакт со животни, ако сте посетиле маркети и сл.;
- Не се групирајте со пријатели во затворен простор.
Заедно да ги следиме и почитуваме препораките со цел сите заедно да се заштитиме и да ја заштитиме ранливата категорија на лица.