- Како дијабетесот влијае на видот?
Дијабетесот или шеќерната болест е хронично заболување каде што постои пореметување на метаболизмот, не само на шеќерите, туку и на мастите и белковините. Таа е водечка причина за слепило и намалена видна функција на работоспособната популација во светот. Високото ниво на шеќер во крвта ги оштетува големите, но и малите крвни садови. Токму затоа најпогодени органи се очите. Текот на болеста кај овие пациенти зависи пред сė од добрата регулација на шеќерот во крвта и од времетраењето на болеста. Ако се одржува добра контрола на гликемијата, промените на очите може да се одложат. Пациентите со дијабетес честопати се жалат на постојано солзење и чешање на очите. Кај нив многу почесто доаѓа до заматување на леќата (катаракта). Најважна и секако најозбилна промена на очите е т.н. дијабетична ретинопатија.
- Што е дијабетична ретинопатија?
(ретината) кое води до намалување на видот и ако не се лекува навреме, води до слепилo. Тоа е сериозна состојба на октото кое треба постојано да се следи, и навремено да се интервенира. Болеста се карактеризира со постење на ретинални крварења и микроаневризми, постоење на масни таложења, микроинфаркти, запушени ретинални капилари, постоење на фокален или дифузен оток и појава на нови крвни садови.
Отeжнителна околност кај овие пациенти е постоење на висок крвен притисок и пушењето. Сите овие промени што се јавуваат во окото се асимптоматски, значи пациентот не чувствува никакви симпоми, а болеста си напредува. Затоа е важно кај секој новооткриен пациент, покрај другите испитувања, задолжително да се направи и преглед на очно дно. Ние, во нашата болница инсистираме на таков преглед.
- Кои се најчестите симптоми?
Кога ќе се појават симптоми, состојбата е веќе во понапреднат стадиум. Пациентите најчесто се жалат на замаглување на видот, појава на искривени слики на предметите, појава на мушички во видното поле, или пак настанува нагло губење на видот. При појава на било кој од овие симптоми важно е пациентите веднаш да се јават кај доктор офталмолог. Се прави преглед на очното дно, секогаш на проширена зеница, задолжително со дополнителни иследувања, како ОЦТ и ехографија, кои се неопходни за проценка на понатамошниот третман. Врз основа на добиениот наод се препорачува апликација на анти ВЕГФ, ласер фотокоагулација или пак итен оперативен зафат, витректомија.
- Зошто е важно рано да се открие?
Раното и навремено откривање на оваа болест е од пресудно значење за зачување видната острина. Честопати и кога се преземени сите можни терапевтски третмани и извршени опартивни зафати, видната функција е многу лоша и пациентите се разочарани. Во зависност од стадиумот на болеста се препорачува апликација на интравитреални инекции, изведувањее на ласер фотокоагулација или пак обете. Според светските препораки, прво се аплицира анти ВЕГФ, а потоа доколку е потребно, се изведува и ласер фотокоагулација.
Кај случаи кога постои крварење во стаклестото тело се препорачува оперативен зафат – витректомија. Претходно се прави ехографија за да се утврди дали покрај крварењето, постои и одлепување на ретината, што преставува итна индикација за оперативен зафат.
- Како се превенира нејзиниот развој?
За да не настанат овие тешки компликации од дијабетесот, секое лице со дијабет мора да прави редовна контрола на очите барем еднаш годишно, а ако има потреба и почесто, се зависи од стадиумот на болеста. Задолжително прегледот мора да се состои од ширење на зеници и увид во очната позадина со лупа или призма, а не само да се направи проверка на видот затоа што промените може да се веќе настанати иако не се забележува слабеење на видот.