Летото е тука, но вие
се уште не носите очила за сонце?

Топло време, море, насмевки, летните одмори штотуку започнаа а со нив и летни инфекции. Од мали децата се учат да пијат многу вода додека е лето, да не излегуваат попладне, бидејќи може да им се создаде сончаница. Но, најважниот детал во целата приказна се заборава, заштита на самите очи и летните инфекции. 

Ја заштитувате кожата од изгореници, но не ги заштитувате вашите очи. Симптомите на изгореница во око се слични изгорениците на кожа, пецкање, солзење и болка. Во продолжение наведуваме неколку последици и инфекции кои може да се добијат од несоодветна грижа кон очите.

Суво око

Сувото око не се појавува само во лето како последица на летните инфекции, но големо влијание имаат високите температури за оваа појава.  Всушност, сувото око се создава поради премалото количество на солзи кои не можат да го навлажнат окото, тоа создава иритација и многу често болка. 

Конјуктивит

Една од најчестите очни појави, конјуктивит или популарен како црвено око. Moже да се појави и на двете очи. Симптомите за оваа појава се црвенило, чешање и солзење на очите. Конјуктивот може да е предизвикан од бактерија или некаков вид на вирусна или друга инфекција. Конјуктивот може да се пренесе на други лица преку директен контакт или преку заедничко користење на предметот.

Јачмен

Јачмен е воспаление на лојните жлезди на горниот или долниот очен капак. Се појавува во форма на болен израсток на рабовите од капакот на окото, кој прирoдно се создава и може да трае 7 до 10 дена. Болката и црвенилото го пратат јачменот заедно со отокот. Чешањето на окото, додека јачменот е активен, е не дозволено бидејќи може ситуацијата само да биде полоша.

Алергија

Поленот е присутен во текот на летото насекаде. Поради тоа алергиите се често присутни во овој период. Алергија на окото може да настане од температурата, ниво на поленот, прашина и влажност на воздухот. Симптоми на алергијата се црвенило, гребкање, иритација. 

Како да се спречат летни инфекции и појавите на окото:
  • Одржување хигиена на очните помагала
  • Да не се допрат или тријат очите
  • Да не се споделува ист пешкир, крпа, козметички продукти со други лица
  • Секогаш да се носат очила за сонце надвор
  • Носење на очила за нуркање кога пливаме.

Доколку ви се појави било кој симптом, задолжително посетете го офталмологот и започнете со третман за да не се појават дополнителни летни инфекции на окото или контактирајте не на SOS Summer Eyecare и закажете ја вашата онлајн консултација.


Примање терапија сами на своја рака е недозволиво! Задолжително консултирајте се со офталмолог.