
Младиот брачен пар Владимир и Ана направија ласерска корекција на диоптрија во нашата клиника. Го живеат животот што многу го посакуваат – по професија се веб-дизајнери и често патуваат низ светот. Поради диоптријата, Владимир се измачува со очила и контактни леќи, а во чантата на Ана може да се најде поголем избор на кутичиња за складирање контактни леќи и водичка за премивање на контактните леќи.
Иако, нели, дамите имаат предност, Владимир прв влезе во операциона сала (така се договориле!), додека Ана трпеливо чека да ги види резултатите по интервенцијата.
„За ’Систина Офталмологија‘ слушнав од мој пријател во Барселона, кој се оперираше тука и кој топло ми препорача да одам и јас. Ми рече: ’Не мисли, оди. Јас прогледав!‘ Јас веќе одамна имав проблеми со видот, носев очила и контактни леќи. Работам на компјутер и затоа чувствував замор по 4 часа со очилата, па морав да ги вадам. Почнав и леќи да носам, ама во однос на хигиената, потешко е за одржување затоа што со Ана постојано патуваме низ светот. Зборувавме да се оперираме и двајцата, затоа што и таа го има истиот проблем, па ме убеди јас прво да ја направам интервенцијата, да ме тестира. 😊 На ова денешно време навистина нема поента да се малтретирам со очила кога има нови решенија – без проблем да се ослободам од нив и тоа само за 10 минути. Прегледот ми беше помачен отколку самата интервенција, која беше толку брза, како што ми објасни д-р Фани. Веќе по една година супер функционирам“, вели Владимир.
„Кога разговаравме со Владимир, го убедив тој да оди прво да ја направи интервенцијата, затоа што јас се плашам од игли, боцкања и слично. Ми пречеа очилата додека работев, се случуваше и лаптопот да го доближам многу блиску кога бев без нив само за да можам да работам. Кога почнав да носам леќи ми беше добро, ама имав друг проблем, чантите ми се претворија во места за складирање течности и кутичиња за леќите. Кога Владимир ја направи интервенцијата, видов дека не е ништо страшно, па по нашите патувања и летниот период, интервенцијата ја направив и јас. Немам никаков проблем и многу сум задоволна од резултатот, мојата диоптрија сега е на 0. Спремни сме сега за нови предизвици и локации“, вели Ана.