„Бев зависна од очила и контакни леќи. Чувството на хендикеп и неможност да се функционира без очни помагала беше првиот чекор кон размислување за ласерска корекција на диоптрија. Од возбуда кога влегов во оперативната сала не можев да ги препознаам лицата на д-р Фани и тимот, буквално ништо не гледав се беше како низ магла, матно. Дали диоптријата или самата возбуда го направија тоа, но кога заврши интервенцијата и кога станав за прв пат видов лица без помош од очни помагала.“

Елида Џаферовска Аломеровиќ (33) живее во Турција и се одлучила да ја направи ласерската корекција на диоптрија во Систина Офталмологија, поради довербата која и ја влеала д-р Фанка. Елида имала диоптрија и носела очила и контакни леќи повеќе од 20 години и летото кога се вратила од Турција во Македонија се одлучила да види дали е кандидат за интервенцијата.

„Причината поради која се одлучив за оваа болница е пред се довербата која ја стекнав на првичниот преглед кој го направив летоска, за да проверам дали сум кандидат за оваа интервенција. Најинтересно од се е по 1 месец од интервенцијата, толку јасно гледам што мислам дека се уште носам контакни леќи и треба да ги извадам пред спиење. Љубезноста и грижата која треба да се доживее, тешко е да се опише со зборови. И благодарам на д-р Фани и тимот на Систина Офталмологија за сигурноста која ми ја влеаа да ја направам ласерската корекција на диоптрија.“