Енес Јонуз (43 години) е наш пациент од Скопје кај кого како последица на системска болест и нејзиното долготрајно сложено лекување, настана неоваскуларизација на ретината со последичен оток на очниот нерв и макулата.

Му обезбедивме превоз до болницата и неговата очна состојба се подобри со анти-ВЕГФ третман.

„Апликацијата на анти-ВЕГФ (инјекција Ејлеа) ми помогна навремено да го спасам видот и да имам подобрување. Поради моите здравствени проблеми и терапијата која што ја примам, за жал, најмалку се фокусирав на оштетувањето на видот. Кога почнав да одам на прегледи во повеќе болници, не знаеја која е причината за појавување на очниот проблем и не сакаа да се нафатат да ми помогнат. Навечер и во услови на магловитост не можев да возам. Исто така, ми сметаа силни светла и се послабо гледав. Д-р Фанка Гилевска ме упати на дополнителни испитувања, се консултираше со тимот и конечно ги најдовме причината и решението за стабилизирање на мојата очна состојба. Сега сум одличен. За ‘Систина Офталмологија’ можам да кажам дека се број 1 во услуга и ефикасност. Докторката ми даде нејзин број и ми е достапна во секое време. Исто така, многу ми значи тоа што ми организиравте превоз до болницата и до дома, затоа што не можев да возам и не морав да го обврзувам брат ми да дојде со мене за да ме врати дома.“