Лазар Коцев има 74 години и направи операција на катаракта на десното око во нашата клиника пред извесно време. Операцијата е кратка, безболна и Лазар си отиде дома уште истиот ден со нов вид.

„Одамна носам очила за блиску и далеку и еден ден додека гледав спорт на телевизија забележав дека не дочитував. Помислив дека имам промена на диоптрија и се упатив во оптика за да ги сменам очилата. Но, кога ме прегледаа ми рекоа дека имам катаракта на десното око и дека морам побрзо да реагирам за да не го оптоварам и левото око. Јас се уште работам така што потребно е да ме служи видот и поради тоа барав решение веднаш. Дојдов во ‘Систина Офталмологија’ на преглед кај д-р Златко Арнаудовски. Дијагнозата се потврди со тоа што забележа дека и на левото око се развива катаракта, но се уште не пречи на видот па поради тоа договориме интервенција само за десното око. Ми вградија интраокуларна леќа со која гледам одлично. Интервенцијата помина добро, се чувствувам добро.  Видот се стабилизира и сега остана да ја следиме состојбата на левото око, па кога ќе дојде ред и тоа да го оперира д-р Златко.“

 

Совет за првичен преглед и/или дијагностика

во случај да имате иста или слична состојба:

Предоперативен преглед на катаракта

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master.

2.400,00

Имплантација на монофокална леќа (MA)

Mонофокална троделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

48.500,00

Имплантација на мултифокална леќа

Интраокуларна леќа за корекција на диоптрија на сите растојанија. Цената се однесува на едно око.

123.000,00

Имплантација на мултифокална торична леќа

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија на сите растојанија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.

123.000,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.

Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.

Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.