Љиљана Ѓошевска (53 год.) направи операција на катаракта (перде) на двете очи во нашата клиника. Катарактата кај Љиљана се развива како последица на нејзината состојба – лупус (автоимуна болест).

И кај лицата со автоимуна болест може да се направи интервенција на очната состојба/болест. Потребно е само да се направи очен преглед.

„Веќе неколку години како ми е дијагностициран лупус поради кој имам здравствени проблеми. Меѓу другото, дијагностицирана ми беше и катарката (перде) и поради дијагнозата на лупус не знаев дали можам да направам операција на катаракта и кој тоа најдобро би го направил. Слушнав преубави зборови со препорака за д-р Златко Арнаудовски и без размислување веднаш дојдов кај него на интервенција. Кога заврши интервенцијата докторот ми рече: ‘Готово, заврши интервенцијата, сега може малку матно ќе гледаш, но не се секирај брзо ќе се избистри.’ Ги отворив очите, но јас гледав кристално јасно! Во себе си помислив која сум јас да противречам, а може е и нешто моментално, дај да почекам па да видам. На огромно мое задоволство и до ден денес гледам исто – кристално јасно!“

Совет за првичен преглед и/или дијагностика

во случај да имате иста или слична состојба:

Предоперативен преглед на катаракта

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master.

3.000,00

Имплантација на монофокална леќа (MA)

Mонофокална троделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

48.500,00

Имплантација на мултифокална леќа

Интраокуларна леќа за корекција на диоптрија на сите растојанија. Цената се однесува на едно око.

123.000,00

Имплантација на мултифокална торична леќа

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија на сите растојанија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.

123.000,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.