„Јас сум најсреќна на целиот свет, бидејќи сум со јасен вид, чисто гледам и навистина некако сум со поголема самодоверба и едноставно живеам нов живот.“ – Здравка Мирчевска

Здравка Мирчевска направи ласерска корекција на диоптрија во Систина Офталмологија. Големата желба која ја имала кон ласерската корекција на диоптрија, ја претворила во реалност со само еден коментар на објавата за дарување за бесплатна ласерска корекција на диоптрија на нашиот фејсбук профил.

Таа има диоптрија од многу мала и не ги носела редовно очилата, бидејќи и било срам да ги носи. Како резултат од нередовно носење на очни помагала, диоптријата се зголемувала. Повторно започнала да ги носи очните помагала и диоптријата почнала да се стабилизира.

По неколку години, Систина Офталмологија објавува за дарување за бесплатна ласерска корекција на диоптрија, каде што Здравка започнува да се информира и да чита за интервенцијата и се решава да коментира. Здравка вкупно има 4 пати оставено коментар на 4 дарувања, но за жал не била одбрана во тој момент.

По некое време, повторно забележува објава за дарување и се решава дека ова ќе биде последен пат кога коментира за да си ја проба среќата и да се ослободи од очните помагала. Кога дознава дека е избрана и дека ја добива токму таа ласерската корекција на диоптрија, не може да се воздржи од среќа и возбуда.

За нејзиното искуство во нашата болница погледнето го видеото подолу.