
Славица Стоилковиќ (67г.) е една од нашите пациентки од Куманово, која веднаш чим дознала дека се отвара дијагностички центар на Систина Офталмологија во нивниот град, одлучила да закаже преглед за катаракта со Д-р Елизабета Спасиќ а набрзо после прегледот на кој бил утврдено дека е потребна операција, го оперирала прво едното око па потоа и другото. Операцијата била изведена во хирушкиот центар Систина Офталмологија во Скопје од страна на Д-р Елизабета Спасиќ. Во продолжение може да прочитате што таа имаше да каже за нејзиното искуство во Систина Офталмологија:
“Веќе повеќе години катарактата ми сметаше на видот. Неможев да читам, да пишувам.. Ќерка ми дознала дека се отвара Систина Офталмологија во Куманово, па одлучивме да закажеме преглед. По прегледот, докторката ми кажа дека е потребна операција, па се одлучив да не чекам и веднаш да се оперирам и така закажавме операција за едното око во болницата во Скопје. Не чувствував никаков страв ниту болка, операцијата помина супер, а исто и после операцијата супер се чувствував. Не многу долго после првата операција, со докторката закажавме да го оперирам и другото око. Сега гледам јасно, имам голема разлика во видот од порано. Сега гледам многу подобро, почисто и можам да читам… Многу сум задоволна од целиот персонал и во Куманово и во Скопје како и третманот кој го добив, ги препорачувам на сите кои имаат проблеми со видот.“
