
Операцијата на катаракта е безболна и безбедна метода со која се отстранува катаракта (перде) и се овозможува долгогодишен јасен вид кај пациентите.
Потребата од операцијата на катаракта беше утврдена кај Jаневска Дафина од Штип, која го посети нашиот новоотворен дијагностички центар во Штип, каде беше прегледана од д-р Тодорче Јосев. Кај Дафина беше потврдено дека има дијагноза катаракта која може да се реши само со операција со што ќе се овозможи јасен вид.
Операцијата на катаракта ја направи д-р Билјана Костовска во хирушкиот центар Систина Офталмологија во Скопје.
„Тоа беше една од највеселите пациенти кои сум ги имала во моето досегашно искуство како доктор. Ни го развесели денот и операцијата на катаракта мина со песна.“
За искуството со операцијата на катаракта во Систина Офталмологија Штип, слушнете лично од Дафина на видеото подолу.