Митко Стојанов (38 год.) ни доаѓа од Прилеп за операција на страбизам и го раскажа своето искуство во нашата болница.

„Цел живот носам очила, уште како дете имав страбизам. Посетив многу доктори и цело време, до скоро го слушав истиот муабет дека треба да носам очила и дека ќе видиме што понатаму.

Пред некое време на телевизија во една емисија ја видов д-р Викторија Филева како објаснува за страбизмот и кои се можните решенија. Нејзините зборови ми оставија толку силен впечаток што веднаш си реков сам на себе – еве ја мојата докторка. Јас ќе се оперирам само кај оваа докторка и никоја друга.

Дојдов во Скопје на преглед и таа беше потполна иста, полна со позитивна енергија дека за мене има решение. Се договоривме и за операција.

Операцијата помина одлично, мора да кажам дека покрај стручноста на д-р Викторија Филева тука беше и целиот персонал за кој немам ниту една замерка. Сите се толку фини, подготвени да помогнат и полни со емпатија.

Еве сега на прва контрола одличен ми е видот. На сите што ги знам и се во моја околина, а го имаат овој проблем им велам да појдат кај докторката Викторија и таа ќе им го најде решението.“