Јордан Јанчевски (28 години) и неговите другари долго размислувале да ги отстранат очните помагала и да направат ласерска корекција на диоптрија.

„Носам очила веќе 12 години. Отсекогаш правеле да се чувствувам како да имам некакво ограничување.  Не можев да гледам во вода кога пливам, морав да ги менувам со очилата за сонце и сл. Исто така купувањето очила ми претставуваше трошок кој кога го споредив со цената на ласерската корекција на диоптрија излегуваше неколкукратно поголем. Пресудно да се решам беше едно видео за ласерска корекција на видот направена во Систина Офталмологија. Со неколку другари си рековме зошто да не се ослободиме од очилата. Искрено имав малку страв, па најхрабриот другар направи прв ласерска корекција на диоптрија.“

За интервенцијата Јордан вели дека бил воодушевен за колку брзо време целиот процес завршил и гледал јасно.

„Иако пресудно за мене беше видеото и искуството кое го имаше мојот другар, сепак објаснувањето кое ми го даде д-р Фанка за мојата интервенција беше дефинитивно да се впуштам во нова авантура – живот без очни помагала. Нестварно е за колку брзо време диоптријата исчезна и колку јасно гледам сега. Не можев да поверувам. Им благодарам на Систина Офталмологија за искуството кое ми го овозможија и чувството на сигурност од страна на д-р Фанка.“