Прочитајте што напиша Светлана Бобевска од Велес, на нашиот Facebook профил за нејзиното искуство со нас.

Почитувани,

Јас сум Светлана Бобевска од Велес и го споделувам моето искуство во Систина Офталмологија.
Уште како девојка започнав да носам наочари со мал минусен диоптер, но со годините диоптерот се зголемуваше. Долг период од 30 години го носев истиот диоптер функционирав нормално и успешно ги извршував моите работни обврски како одделенски наставник.

Пред една година во очите почнаа да ми пукаат капилари и постојано да ми солзат што ја попречуваше мојата работа како наставник. Одев на преглед во Велес, ќе ми дадеа капки и толку, но проблемот со насолзените и полузатворени очи се зголемуваше. Бев на преглед и ми беше откриена катаракта и како болница ми ја препорачаа Систина Офталмологија. Напишав меил и веднаш ми одговорија дека ќе ме контактираат телефонски. И по половина час заѕвони мобилниот и слушнав љубезен и топол глас на сестрата која ме праша каков проблем имам. Објаснив дека прв пат се обраќам кај нив и дека сакам детален преглед на моите очи. Ми закажаа преглед кај доктор Златко и јас наредниот ден веќе бев во Систина Офталмологија. Уште од влезот, па до приемот кај докторот бев фасцинирана од топлиот однос и одличниот прием. Докторот ми објасни дека ќе направат повеќе прегледи и испитувања. Ме повика помладиот доктор и ме внесе во просторија со многу компјутерски апарати. Јас се чувствував како да се наоѓам во некој филм. На едно место толку многу современи компјутерски апарати, стручност, способност и љубезност на персоналот, организација на највисоко ниво. Кога завршија прегледите се вративме кај доктор Златко кој ги разгледа резултатите и топло ми прeпорача операција на очите затоа што и двете очи се зафатени со катаракта. Ми објасни како ќе се одвива операцијата, дека ќе биде безболна и дека ќе бидам будна за цело време на операцијата. Веднаш прифатив и се договоривме за терминот.


На 5 август се наоѓав во Систина Офталмологија на закажаниот термин за операција. Бев толку вознемирена и преплашена затоа што не знаев на што одам или ќе гледам како треба илиии??? 


И пак прегледи, проверка на притисок, крвна слика, капки, но смирениот и утешувачки глас на персоналот ме смируваше. И конечно влегов во оперативната сала, а таму ме пречека доктор Златко со целиот негов тим. Докторот се пошегува за да ме смири како сум, ќе биде ли работата успешна, а јас само кажав: “Моите очи ви ги препуштам Вам и на целиот тим”. И започнаа подготовките за операција низ кои цело време докторите и другите медицински лица ме запознаваа што работат. Докторот започна да оперира со својот беспрекорно координиран тим и за чудо јас не чувствував никаква болка, гледав само разни видови на светлина. Кога заврши со едното око докторот ја повтори истата постапка и со другото око. Ми објасни дека операцијата е успешно завршена и на двете очи. Кога станав од операционата маса не можев да поверувам дека по завршената операција гледам и со сестрата отидов во болничката соба. Лежев на креветот и не можев да верувам бев како во бајките. По пет минути влезе во собата мојот сопруг и тој се зачуди дека гледам нормално. По малку време дојде доктор Златко и ми даде насоки за терапија и ми кажа дека можам да си одам дома. Просто неверојатно, половина час по извршена операција на катаракта со отстранување на моите оштетени леќи и имплантација на нови заменски леќи кои потполно ги заменуваат природните леќи, можам да си одам дома. Се поздравивме до наредната средба на прва контрола по една недела. И ја напуштив болницата. Ја примав терапијата точно по дадената шема и имав големо подобрување. Изразувам огромна благодарност до доктор Златко и неговиот тим, целиот персонал кои се погрижија за денес да функционирам беспрекорно без наочари. Сега сум друга личност полна со живот и самодоверба. 

Топло им препорачувам на сите кои имаат проблем со очите да се обратат во офтамологија Систина. “Здрави очи и јасен вид се најголемото богатство на секој човек кое нема цена“. Затоа без двоумење патот нека ве води во Систина Офталмологија. 


Со почит,
Светлана од Велес

󠀠