Тинка Џинева

Тинка: „Во текот на извршување на секојдневните обврски на работа, имаше периоди каде што очите ми се замаглуваа до тој степен што буквално ништо не можев да препознаам на екранот, па морав да излезам, да направам мала пауза, да се стабилизирам, па да продолжам од каде што сум застанала со работа. По природа сум љубопитна личност, па многу често додека шетам низ град со друштво, знаев да им досадувам со прашањето, што пишува таму ништо не можам да прочитам.“

Тинка Џинева (34 год.), родена во Дојран, back office администратор и пилатес инструктор, ја направи ласерската корекција на диоптрија во април за време на пандемијата.

Проблеми со диоптријата започнале на 19 годишна возраст. Кога и се појавиле проблемите на Тинка и било интересно носењето на очила, но кога започнала да работи пред компјутер 8 часа во текот на денот и се појавувала главоболка, непријатност и чешање на очите. Поради неспособноста да функционира без очила, се чувствувала напната, несигурна и и било страв да вози автомобил сама.

Тинка дознала за ласерската корекција на диоптрија преку своите пријатели.

„Мои драги пријателки исто ваши пациентки, пред неколку години ја правеа истата интервенција и после толку време со огромна возбуденост и задоволство ми го пренесуваат искуството буквално од секој момент поминат со вашиот тим. Клучен момент да конечно и јас се одлучам беа бројните реклами на социјалните мрежи кои рандом ми излегуваа и потсвесно ме убедија да конечно се одлучам и си ги “скратам маките.“

На нашето прашање зошто ја одбра Систина Офталмологија, Тинка го изјави следното:

„Ќе се обидам да бидам најкратка што можам, макар што не знам колку е тоа возможно за да го опишам процесот на прием и третирање на пациентите во Систина Офталмологија. Само оној што ќе влезе во вашите простории може да се увери во фактот дека се работи за вистински професионалци, кои толку смирено, одговорно, со огромна доза на позитивна енергија и коректно си ја извршуваат својата работа. Морам да ја спомнам, а се надевам дека тоа и ќе биде посебно забележано, оптометрист Елеонора Стојмановска, која најпрво ме прими и толку совршено, детално и со толку убава енергија го направи мојот првичен преглед, па потоа ме спроведе и до докторката Фанка Гилевска која со воодушевувачка леснотија и професионалност ги извршуваше должностите за мојот корективен зафат. “

 Пандемијата не ја спречила Тинка да ја направи ласерската корекција на диоптрија оваа година.

„Пред се целосно ги почитувате мерките изречени од страна на министерството за здравство со кои се спречува на ширењето на пандемијата. Професионалноста, одговорноста, комуникативноста, екстровертноста и емпатијата која ја споделувате со пациентите се вашите вештини и доблести поради кои вашиот тим би го препорачала на секого кој има потреба од професионалност.“

За крај, ве оставаме во зборовите на Тинка, посветени кон Вас, поврзани со ласерската корекција на диоптрија:

„Луѓе, гледам кристално јасно! Мислам дека само луѓето што имале проблем со видот, па го решиле, можат да ја разберат мојата среќа и воодушевување. Искуството може само да се доживее, секое излегување во природа и воодушевувањето од самата убавина на природата ме прави толку смирена, задоволна, среќна, исполнета, а се уште сум на почеток, се радувам на мометите кои допрва ми доаѓаат. Без двоумење доверете се на тимот на Систина Офталмологија, верувајте, нема да згрешите, ќе ви направат огромна услуга!“