Младен Рафески (39) ја направи ласерската корекција на диоптрија во Систина Офталмологија во само еден ден!

Младен моментално живее во Швајцарија и слушајќи од многу задоволни пациенти кои ја направиле ласерската корекција на диоптрија, решил да го отстрани својот диоптер.

„Слушнав од многу пријатели за ласерската корекција на диоптрија и тие ме насочија кон Систина Офталмологија. Диоптријата многу ми пречеше во вечерните часови кога треба да возам автомобил особено уличните светла. Како и на сите останати и мене ми се појавуваа симптоми како главоболки и оптеретување на целото лице поради очилата.“

Младен ја одбрал нашата болница поради препораки од пријатели, но и поради брзиот и безбеден метод.

„Брзината со која се одвиваше целиот процес, без ниедна грешка, ме воодушеви. Д-р Фани детално ми објасни се на прегледот, како ќе се одвива интервенцијата и контролите и направивме уште една контрола пред да си одам. “

Младен го направил прегледот во понеделник, интервенцијата во вторник и веќе по неколку дена бил на пат за Швајцарија.

„На денот на интервенцијата имав некој одреден страв, можеби и трема, но тимот на Систина Офталмологија заедно со д-р Фани ме убедија цврсто дека ќе биде се во ред. Така и беше. Сега гледам како сокол, се е тоа благодарејќи на д-р Фани, колку и да зборувам и пишувам реферати за докторката ќе биде малку. Да не го заборавиме и целиот персонал кој постојано беше со мене. Мојот внук кој беше со мене, се заљуби во сите медицински сестри хаха.“