Вероника Танеска

„Се одлучив храбро и решително, без многу мислење, си реков: што побрзо, тоа подобро, а исто така следев некое гостување на вашиот директор, каде што детално, точно и прецизно ги опиша условите во вашата болница за време на пандемијата. Воопшто не бев уплашена да закажам термин за преглед за да проверам дали сум кандидат за ласерска интервенција, при што се уверив во беспрекорноста, хигиената и почитување на мерките за време на Ковид-19.“

Вероника Танеска (35 години) дипломиран правник, ни дојде од Охрид за да ја направи ласерска корекција на диоптрија во нашиот хирушки центар во Скопје, а постоперативните контроли ги врши редовно во Систина Офталмологија во Битола.

Нејзиниот проблем со диоптријата започнува уште од мала возраст – Вероника не носела редовно очила, а откако започнува да носи контактни леќи наидува на нови компликации.

„Диоптријата најмногу ми пречеше кога требаше да се нашминкам, а окото не можеше да ми дојде до израз од очилата. На контакните леќи постојано ми остануваа траги од шминка што предизвикуваше чешање и црвенило, а како најголем проблем ми беа и заштитните маски кои ми ги замаглуваа стаклата од очилата и специфичното чистење на стаклата исто како еден проблем.“

На одлуката да не избере нас на Вероника влијаеле многу причини: „Кога истражував за Систина Офталмологија, најпрво ми падна во очи добрата реклама, позитивните коментари по социјалните мрежи, консултации со неколку пријатели кои веќе си завршиле со ласерската корекција и од мое лично искуство се уверив дека сте најдобри. Уште поолеснителна околност што сега и кај нас можеме да си дозволиме ласерска корекција на диоптрија благодарение на најдобрата очна болница Систина Офталмологија, а не мора да се изложуваме на  дополнителни трошоци и малтретирања во странство.“

Искуството на Вероника во нашата болница било релаксирано, скоро и да не почувствувала дека е во болница и дека ќе прави интервенција на своите очи.

„Кога излегов од операциона сала (со придружба секако од докторот) чувствував како да имам вода во очи, не чувствував печење или чешање и си реков: Oва било мошне безболно и едноставно (се разбира не и за хируршкиот тим) и сега ми е навистина чудно зошто луѓето кои се во можност да не пристапат кон ваков чекор. Нема воопшто место за паника, нека се одлучат за ласерска корекција на диоптрија, побрзо да се ослободат од диоптерот и носењето очила, во присуство на опуштен и ведар персонал кој ќе ви ја намали тремата пред операција, релаксиран и координиран тим за работа вклучувајќи ги најдобрите офтамолози.“

Вероникa: Се чувствувам како друга личност

Пеиродот на закпрепнување по интервенцијата во принцип е од 3 до 5 дена, но сепак најмногу зависи од индивидуалната способност за адаптација на новиот вид на пациентот. Така е случај и со Вероника:  „Иако не ми беше препорачано првите дена да се напрегам со очите, требаше да одбегнувам ТВ, телефони, компјутери,читање книги – јас уште истиот ден веќе можев да читам превод на ТВ, да читам натписи, регистрации на коли, билборди на поголема далечина. А очилата со диоптер што ги носев, ги подарив – конечно се ослободив! Моето искуство по ласерска корекција на диоптрија е подобар вид, без напрегање да се прочита најситниот збор, веќе и сама си се препознавам во огледало иако тоа ми беше малку чудно на почеток 😁 Се менува и физичкиот опис, се чувствувам како друга личност.“

За крај, Вероника раскажува зошто би не препорачала токму нас:

„Најпрво заради организацијата уште при самиот влез на болницата, мерење температура, пополнување на прашалници, редовна дезинфекција по ходниците  и тоалетите, достапни антибактериски средства, задолжителен влез со маска, придружба со најмногу еден член, одржување растојание по шалтерите и чекалниците, како и располагање со соодветна опрема од маска, мантил и капа при самата операција. Исто така, уште при самото влегување ќе ве пречекаат насмеани и позитивни лица, комуникативни и достапни за секоја важна информација кои знаат да ве релаксираат и да ве насмевнат пред самиот ласерски зафати и кои детално  го опишуваат  текот на самата интервенција, така што пред да влезете во сала знаете сами што ве чека. Едноставно нема место за паника и препуштете се на вештите докторски раце.“